Црква „Св. Троица“ - Росоман

црква во селото Росоман

Свети Троица — македонска православна црква, единствена селка црква на неготинското село Росоман и главна парохиска црква во Росоманската парохија..[1] Црквата е изградена е во 1990 година, додека осветувањето на камен-темелникот го извршил тогашниот архиепископ г.г. Михаил, како надлежен митрополит во Повардарската епархија. Со помош на митрополитот повардарски г. Агатангел и неговото доаѓање се смениле престолните икони, апостолите, дверите, чиј иконописец е Златко Александарски. Со благослов и помош на митрополитот се направил владички стол во средината на црквата и мал владички стол во олтарот, се направил престол за служење, се направиле ѓаконикот и жртвеникот. Олтарниот дел е фрескоживописан од страна на уметникот Светозар. „Св. Троица“ — осветена на 28 октомври 2007 год. од Неговото Високопреосвештенство Митрополит Повардарски г. Агатангел.

Свети Троица
македонска православна црква
Епархија Повардарска
Архијерејско намесништво Кавадаречко
Парохија Росоманска
Местоположба

Карта

Координати 41°31′05.1″N 21°56′46.4″E / 41.518083° СГШ; 21.946222° ИГД / 41.518083; 21.946222
Место Росоман
Општина Росоман
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свето Тројство
Изградба 1990
Осветување 28 октомври 2007
Зограф Златко Александарски
Архитектонски опис
Архит. тип трикорабна

Наводи

уреди
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.