Црква „Св. Троица“ - Грдовци
Света Троица — главна селска црква во кочанското село Грдовци, Македонија.[1]
Света Троица
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Брегалничка |
Архијерејско намесништво | Кочанско |
Парохија | Грдовска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°52′55″N 22°24′57″E / 41.88194° СГШ; 22.41583° ИГД |
Место | Грдовци |
Општина | Кочани |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Света Троица |
Изградба | 1932 или 1935 |
Осветување | 1970 |
Живопис | 1998/99 |
Архитектонски опис |
Местоположба
уредиЦрквата се наоѓа во средишниот дел на селото, во непосредна близина на основното училиште.
Историја
уредиВо 1935 година, во средишниот дел на селото, селаните започнале да ѕидаат црква, која ја подигнале до висината на кровот. По Втората светска војна, селаните собрале 7 тони ориз, кој планирале да го продадат и со тие пари да ја довршат црквата. Меѓутоа, кочанската власт им го одзела оризот.[2]
Според официјална страница на епархијата, изградбата на црквата започнала во 1932 година, а осветувањето било извршено во 1970 година од страна на митрополитот Злетовско-струмичко г. Наум.[3]
Архитектура
уредиФрескоживопис
уредиЦрквата добила фрескоживопис во 1998-99 година од страна на зограф Тони од кочанското село Оризари.[3]
Галерија
уреди-
Поглед на црквата од игралиштето до нејзе
-
Црковниот двор
-
Камбанаријата
-
Апсидата
-
Помошниот објект
-
Куполата
-
Поглед на црквата
-
Натписна плоча
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Трифуноски, Јован (1970). Кочанска котлина : сеоска насеља и становништво. Скопје: Универзитетска печатница. стр. 141. OCLC 16745284.
- ↑ 3,0 3,1 „Брегалничка епархија“. bregalnickaeparhija.org.mk. Посетено на 2024-10-20.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Троица“ - Грдовци на Ризницата ?