Грдовска парохија
парохија на МПЦ-ОА
Грдовска парохија — православна парохија, дел од Кочанското архијерејско намесништво на Брегалничката епархија. Парохиски свештеник е Илчо Миленковски (сос. 2016). Седиштето на парохијата е во селската црква во Грдовци. Во состав на оваа парохија се селата: Грдовци, Горни Подлог, Долни Подлог и Мојанци.[1]
Цркви
уредиОва е список на црквите во парохијата.[2] Можно е списокот да е нецелосен.
име | населено место | изградена | слика |
---|---|---|---|
Црква „Св. Недела“ (парохиска црква) |
Грдовци | 1932 | |
Црква „Отсекување на главата на Св. Јован Крстител“ | Горни Подлог | 1942 | |
Црква „Покров на Пресвета Богородица“ | Долни Подлог | 1950 | |
Црква „Св. Кирил и Методиј“ | Мојанци | 1992 |
Наводи
уреди- ↑ Postolovski, Goran (2013) Historical Aspect of Bregalnitza Dioceses. Masters thesis, University Goce Delcev Shtip.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
„Грдовска парохија“ на Ризницата ? |