Црква „Св. Стилијан“ - Костур

Свети Стилијан и Свети Алпиј Елеуски (грчки: Άγιος Αλύπιος και Στυλιανός Ελεούσας) — црква во градот Костур, Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија.

Св. Стилијан
Άγιος Στυλιανός
Поглед на црквата
Карта
40°31′8″N 21°16′21″E / 40.51889° СГШ; 21.27250° ИГД / 40.51889; 21.27250
МестоКостур, Костурско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Архит. типеднокорабна базилика
Завршенаоколу 1200 г.
Управа
Архијерејско намесништвоКостурско
ЕпархијаКостурска

Местоположба

уреди

Црквата е сместена на источниот дел од полуостровот. Храмот припаѓа на Елеуската парохија.[1]

Историја

уреди
 
Поглед на црквата од улицата „Палеологос“

Претставува мала еднокорабна базилика, изградена околу 1200 г. Првично црквата била посветена на Св. Ѓорѓи, според неговиот лик на јужниот ѕид, на местото каде традиционално се прикажува покровителот.[2] Проширувањето на припратата се случило подоцна. Црквата има зачувано вредни фрески од XII век на јужните и источните ѕид.[3]

Во 1991 г. црквата е прогласена за заштитен споменик.[4]

Наводи

уреди
  1. Δόικος, Νίκος & Γιάννης Σίσιου & Δημήτριος Τσουρτσούλας. Καστοριανά Μνημεία: Μακεδονική Κληρονομιά. Χρωμογραφή, 1995. σ. 44
  2. „ΑΓΙΟΣ ΣΤΥΛΙΑΝΟΣ – ΑΛΥΠΙΟΥ (ΕΝΟΡΙΑ ΕΛΕΟΥΣΗΣ)“. Νομαρχιακή Αυτοδιοίκηση Καστοριάς. Архивирано од изворникот на 2016-12-28.
  3. Billkos (Δευτέρα 16 Δεκεμβρίου 2019). „Ασυνήθιστοι ναοί στην περιοχή της Καστοριάς“. Ιστορικά Καστοριάς. Посетено на 2023-08-26. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  4. „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ36/6465/122/28-5-1991 - ΦΕΚ 866/Β/23-10-1991“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2015-01-03. Посетено на 2023-08-26.

Поврзано

уреди