Црква „Св. Преполовение“ - Јабланица

црква во селото Јабланица

Свето Преполовениемакедонски православен христијански храмво струшкото село Јабланица.[1]

Свето Преполовение
македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво Струшко
Парохија Ложанска
Местоположба
Место Јабланица, Струшко
Општина Струга
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Исус Христос
Изградба 2003
Ктитор прота Петре Петроски
Архитектонски опис

Црквата се наоѓа во Бојко маало, на стариот пат кон селото Лакаица и е посветена на празникот Преполовение на педесетницата или помеѓу народот познат како Руса Среда. Камен-темелник е осветен и поставен во 2003 година. Во склоп на црквичката се наоѓа извор за којшто помеѓу локалносто население постои убедување дека има лековити својства. Црквичката е изградена по сон на претходниот свештеник прота Петре Петроски. Црквичката исто така се посетува на Св.мч. Сава Страилат (вториот ден на Ѓурѓовден) и третиот ден на Духовден.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.