Црква „Воведение на Пресвета Богородица“ - Јабланица

црква во селото Јабланица

Воведение на Пресвета Богородица — гробјанска црква и стара манастирска црква на Топлечкиот манастир во селото Јабланица.[1]

Воведение на Пресвета Богородица

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво Струшко
Парохија Ложанска
Местоположба

Карта

Координати 41°18′41″N 20°34′32″E / 41.31139° СГШ; 20.57556° ИГД / 41.31139; 20.57556
Место Јабланица
Општина Струга
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Пресвета Богородица
Изградба 1962 (обновена)
Завршено 1976 (обновена)
Осветување 1978 (преосветена)
Архитектонски опис

Црквата се посетува и во неа се изведува богослужба за време на поголемите празници.[2]

Во кругот на црковниот двор се наоѓаат гробиштата на поголемиот број на семејства од селото.[2]

Местоположба

уреди

По својата местоположба се наоѓа во маалото Топлец. Некогаш на овој простор постоеле три цркви во склоп на Топлечкиот манастир.[2]

Историја

уреди

Оваа црква се смета за најстаро светилиште во селото Јабланица. За ова во еден документ стои забележано дека камен-темелникот бил положен во летото 1445 година. Црквата е обновена во 1962 година на темелите на постара градба. Завршена е во 1976 година, а осветена во 1978 година од страна на тогашниот Митрополит Дебарско-кичевски г. Ангелариј.[2]

Архитектура

уреди

Во оваа црква може да се забележи скромната внатрешна украсеност со фрески и иконостас, но во 2009 година од црквата беа украдени колекција на вредни икони од познати иконописци помеѓу кои се наоѓала и икона на познатиот Дичо Зограф.[2]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 „Цркви“. Мојата Јабланица. Посетено на 7 ноември 2018.

Надворешни врски

уреди