Црква „Св. Мина, Виктор и Викентиј“ - Јабланица
Свети Мина, Виктор и Викентиј (позната и како Света Мартинија) — нова црква во селото Јабланица.[1]
Свети Мина, Виктор и Викентиј
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Дебарско-кичевска |
Архијерејско намесништво | Струшко |
Парохија | Ложанска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°19′2.5″N 20°35′8″E / 41.317361° СГШ; 20.58556° ИГД |
Место | Јабланица |
Општина | Струга |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Мина, Свети Виктор и Свети Викентиј |
Изградба | 1975 |
Архитектонски опис |
Црквата се посетува и во неа се изведува богослужба за време на поголемите празници.[2]
Во кругот на црквата се наоѓаат гробишта на поголемиот број на семејства на Дејкоска Маала и на неколку од Горна Маала.[2]
Местоположба
уредиЦрквата се наоѓа на едно возвишение во Дејкоска Маала.[2]
Историја
уредиСе смета дека денешната градба, која е од 1975 година е подигната на темелите на претходна, чиешто постоење временски се лоцира порано отколку црквата „Св. Богородица“ во Топлец.[2]
Архитектура
уредиВо оваа црква фрескоживописот е доста скромен и насликан во поново време, иконостасот е без некоја посебна уметничка вредност, но при кражба во црквата, биле украдени неколку вредни икони. Украдените икони исто како и во црквата „Св. Богородица“ се заменети со веродостојни реплики.[2]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 „Цркви“. Мојата Јабланица. Посетено на 8 ноември 2018.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Мина, Виктор и Викентиј“ - Јабланица на Ризницата ?