Црква „Св. Преображение“ - Битуше

црква во Битуше

Свето Преображение (Преображение Христово) — црква во мијачкото село Битуше, Општина Маврово и Ростуше, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Дебарското архијерејско намесништво во Дебарско-кичевската епархија на МПЦ - ОА.

Свето Преображение
македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво Дебарско
Парохија Дебарско-реканска
Местоположба

Карта

Координати 41°35′36.14″N 20°33′40.19″E / 41.5933722° СГШ; 20.5611639° ИГД / 41.5933722; 20.5611639
Место Битуше
Општина Маврово и Ростуше
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Исус Христос
Изградба XIX век
Архитектонски опис
Стил преродбенички

Црквата е сместена во подножјето на Крчин, над реканските села Битуше и Ростуше, недалеку од границата со Албанија. За неа постои предание дека влезот ѝ е од Албанија, а наосот е во Македонија,[1] но границата е впрочем подалеку, и целата црква е на територијата Македонија.

Изградена е од месниот градител Саре Јаковов.[2] Иконите во храмот се дело на дебарскиот мајстор Саве Поп Божинов од Селце.[3]

Според месна легенда, секоја година на храмовиот празник 18 август нешто огнено и црвено се спушта од кон истоимениот храм „Св. Преображение“ во с. Ербеле, денес од албанска страна.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Македонците во Ербеле - Долни Дебар го одбележаа празникот Преображение“. Весник Македониум. 21 август 2013. Посетено на 13 август 2015.
  2. „Семејства и лози на градители од Битуше“. Градителите во Македонија: XVIII–XX век. Архивирано од изворникот на 2021-11-13. Посетено на 15 ноември 2021.
  3. Василиев, Асен (1965). Български възрожденски майстори: живописци, резбари, строители. София: Наука и изкуство. стр. 262.