Црква „Св. Петка“ - Цапари

Света Петка или Света Параскева – православна црква во близина на битолското село Цапари, дел од Преспанско-пелагониската епархија на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, дел од истоимениот манастир.[1][2]

Света Петка

Симнување од крстот, фреска во црквата

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Битолско
Парохија Прва градска
Местоположба

Карта

Место Цапари
Општина Битола
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Света Петка
Изградба 1849
Архитектонски опис

Историја

уреди

Се смета дека манастирот бил изграден во шеснаесеттиот век, во источните поли на Пелистер, југозападно од Цапари. До почетокот на осумнаесеттиот век бил доста запуштен, а во 1724 година го обновил отец Дионисиј.[2] Денешната манастирска црква датира од 1849 година.[2] Во 1995 година, црквата настрада од пожар што го запали иконостасот, иконите и најголемиот дел од инвентарот. Набргу потоа, таа била обновена со помош на локалните христијани.[2]

Архитектура

уреди

Во архитектонски поглед, црквата е трокорабна псевдобазилика со впишан крст. На запад, има нартекс одделен од наосот со денивелација на подот и ѕидарски парапет во линија на последните два западни столба.

Туризам

уреди

Националниот парк Пелистер пристапи кон обележување и уредување на пешачка патека која на сите вљубеници во природата и почитувачи на културното наследство ќе им овозможи обиколка на црквите и манастирите во потпелистерските села. Првиот дел од патеката започнува од селото Трново и води преку селата Магарево и Ротино до селото Цапари, додека нејзиниот втор дел минува крај црквите и манастирите во селото Маловиште.[3]

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. „Св. Петка – манастир во с. Цапари“. Bitola.info. Посетено на 8 јануари 2020.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 „Манастирот Св. Петка - Цапари“. Македонска нација. 14 јуни 2017. Посетено на 8 јануари 2020.
  3. Цркви и манастири во Националниот парк Пелистер на семрежното место на Молика