Црква „Св. Петка“ - Баровица
Света Петка (грчки: Αγίας Παρασκευής) — црква во селото Баровица, Ениџевардарско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Гуменџиско-бојмичко-ругуновската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2]
Света Петка | |
---|---|
Αγίας Παρασκευής | |
Поглед на црквата | |
40°58′47″N 22°23′19″E / 40.97972° СГШ; 22.38861° ИГД | |
Место | Баровица, Ениџевардарско |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Културнонаследна категорија | споменик на културата |
Архит. тип | трикорабна базилика |
Завршена | 1830-ти |
Управа | |
Епархија | Гуменџиско-бојмичко-ругуновска |
Црквата е градена во 1830-тите. Претставува трикорабна базилика со внатрешни димензии од 10,6 × 18,1 м. Направена е од делкани камења. Од запад и југ има трем. На запад има низок нартекс и галерија во облик на буквата П. Корабите се поделени со шест пара колони. Апсидата е полукружна одвнатре и однадвор, а нишите на ѓаконикот и жртвеникот не излегуваат од источниот ѕид. Влезот на наосоте од југ, а пак западниот влез води во галеријата поради висинската разлика.[1]
Таваните се дрвени, со геометриски форми и обоени со силни бои. Предниците на аркадите во наосот се живописани со фрески на кои има сцени од животот на Христос. Забележителни Се дрвените елементи на внатрешноста — иконостасот, владичкиот престол и амвонот, насликани со цветни мотви. Повеќето икони на иконостасот се од 1837 г.[1] Во храмот има икони на зографот Христо Сакелариев од Петрово.[3]
Камбанаријата на јужниот влез на комплексот е подигната во 1886 г. според натпис на камена плоча.[1]
Во 1991 г. црквата е прогласена за споменик на културата.[1][4]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 „4. Ιερός ναός Αγίας Παρασκευής Καστανερής“. Ανάδειξη των Μεταβυζαντινών Μνημείων στην Μητροπολιτική Περιφέρεια Γουμενίσσης- Αξιουπόλεως - Πολυκάστρου μέ κέντρο τό Δήμο Ευρωπού. Посетено на 24 јуни 2014.[мртва врска]
- ↑ „Καστανερή – Ιερός Ναός Αγ.Παρασκευής“. Enjoy Kilkis. Архивирано од изворникот на 2022-05-15. Посетено на 14 март 2018.
- ↑ „Ταξιδεύοντας με τους ζωγράφους“ (PDF). Υπουργείο Πολιτισμού και Αθλητισμού. Εφορεία Αρχαιοτήτων Κιλκίς. Посетено на 23 јуни 2018.
- ↑ „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ30/6463/127/11-3-1991 - ΦΕΚ 761/Β/20-9-1991“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2022-05-11. Посетено на 22 октомври 2014.