Црква „Св. Петар и Павле“ - Србјани
Свети Петар и Павле — главна селска и гробјанска црква во селото Србјани.[1]
Свети Петар и Павле
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Дебарско-кичевска |
Архијерејско намесништво | Кичевско |
Парохија | Четврта кичевска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°29′03″N 20°57′08″E / 41.48417° СГШ; 20.95222° ИГД |
Место | Србјани |
Општина | Кичево |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Апостолите Петар и Павле |
Архитектонски опис |
Местоположба
уредиСе наоѓа во јужниот дел на селото, во подножјето на планината Цоцан. Околу нејзе се наоѓаат и селските гробишта.
Историја
уредиЦрквата дури трипати е обновувана, но староста на нејзините темели не е утврдена.
Врз основа на турски попис од 1494, во Србјани живеел Поп Никола со синовите кој служел во црквата „Св. Петар и Павле“. Оваа црква била соборна и за околните села, а ја викале и „Голема Црква“. Празникот на Апостолите Петар и Павле бил ден за голема прослава.
Врз основа на овој документ во 1994 година се прославил јубилеј 500 години мисија на оваа црква. Се одржала света литургија во која чиноначалствувал Неговото блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Михаил во сослужение со митрополитот Дебарско–Кичевски г. Тимотеј и свештеници од епархијата. На свеченоста присуствувал и тогашниот претседател на Македонија, Киро Глигоров.
Инаку според преданието на постарите жители, црквата датира уште од времето на Св. Климент Охридски, односно од IX век. Последното обновување на црквата се случило во првата половина на XX век, а најголемиот дел од фрескоживописот е обновен дури после Втората светска војна.[2][3]
Галерија
уреди-
Поглед на црквата
-
Селските гробишта
-
Објект во црковниот двор
-
Влез во црквата
-
Фреска над влезот
-
Објект во црковниот двор
-
Камбанаријата на црквата
-
Поглед на црквата
-
Додадена припрата на црквата
-
Влез во црквата
-
Фреска на црквата
-
Апсидата на црквата
-
Селските гробишта
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Водичарски крст од Кичевско Србјани од 1856 година
- ↑ „Дебарско-кичевска епархија“. web.archive.org. 2014-03-04. Архивирано од изворникот на 2014-03-04. Посетено на 2019-01-29.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Петар и Павле“ - Србјани на Ризницата ?