Црква „Св. Пантелејмон“ - Арсакли
Свети Пантелејмон (грчки: Αγίου Παντελεήμονος Πανοράματος) — црква во солунското предградие Арсакли, Егејска Македонија. Влегува во состав на Солунската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2]
Свети Пантелејмон | |
---|---|
Αγίου Παντελεήμονος | |
40°34′53″N 23°0′52″E / 40.58139° СГШ; 23.01444° ИГД | |
Место | Арсакли, Солун |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Архит. тип | крстокуполен храм |
Изградба | 1997 – 2002 |
Управа | |
Епархија | Солунска |
Црквата се наоѓа на улица „Фармакис“ бр. 27 во маалото Номос 751. Камен-темелникот на храмот е поставен на 15 септември 1997 г., а црквата е отворена на 15 септември 2002 г. од митрополитот Пантелејмон II. парцелата од 6 декари е дадена за училишна зграда согласно законот 751, со кој во 1952 г. се дава земја на војници од Грчко-италијанската, Втората светска и Граѓанската војна. Во 1990 г. оваа парцела е предадена на црквата, а парцелата предвидена за црква му е дадена на улилиштето. Во прво време храмот бил параклис на црквата „Св. Ѓорѓи“, но со своја управа. Во август 2006 г. е издаден претседателски указ со кој „Св. Пантелејмон“ е прогласен за парохиска црква.[2]
Градбата претставува крстокуполен храм во византиски стил, дело на архитектот Василиос Папас. Митрополитот Пантелејмон ΙΙ настојувал храмот да се нарече така бидејќи епархијата немала парохиски храм посветен на Свети Пантелејмон, а митрополијата имала мошти на тој светец, сместени во храмот. Внатре се чува извезена папуча на Свети Дионисиј Закинтски, а во црковниот двор има параклис посветен на Свети Дионисиј. Црквата има и параклис „Воздвижение на Чесниот Крст“ во маалото Топографи.[2]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Άγιος Παντελεήμων Πανοράματος“. Ιερά Μητρόπολη Θεσσαλονίκης. Архивирано од изворникот на 2022-07-23. Посетено на 22 октомври 2016.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Τερμεντζόγλου, Γεώργιος Κ (2013). Εγκαίνια νεότερων ναών της Θεσσαλονίκης (1912-2011) (PDF). Θεσσαλονίκη: Αριστοτέλειο Πανεπιστήμιο Θεσσαλονίκης, Θεολογική Σχολή, Τμήμα Ποιμαντικής και Κοινωνικής Θεολογίας. стр. 90.