Црква „Св. Никола и Св. Димитриј“ - Солун
Свети Никола и Свети Димитриј (грчки: Αγίων Νικολάου και Δημητρίου) — црква во градот Солун, Егејска Македонија. Влегува во состав на Солунската епархија на Цариградската патријаршија. Црквата се наоѓа во населбата Харилау на улица „Димитриос Мисирлис“ бр. 34.[1][2]
Свети Никола и Свети Димитриј | |
---|---|
Αγίων Νικολάου και Δημητρίου | |
40°36′9″N 22°58′24″E / 40.60250° СГШ; 22.97333° ИГД | |
Место | Солун |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Архит. тип | трикорабна базилика |
Завршена | 1920 |
Управа | |
Епархија | Солунска |
Црквата e изградена од руски белогардејски бегалци во 1920 г. По Октомвриската револуција од 1917 г. во населбата Харилау се доселиле речиси 2000 Руси. Заедницата решила да изгради храм на местото каде се наоѓал францускиот експедициски корпус за време на Првата светска војна. Не е познат официјалниот датум на поставање на камен-темелникот, ниту на отворањето на црквата. Изградена е од самите бегалци без учество на инженер, и нема специфичен архитектонски стил.[1]
Има две верзии за името на црквата. Едната вели дека храмот наречен по светците-покровители на синовите на рускиот добротвор на заедницата и на црквата, лекарот Павел Ластовцев. Според втората, наречен е по имињата на двата параклиса во руската болница во градот, каде денес се наоѓа Историческискиот архив на Македонија. По затворањето на болницата, руската заедница решила да ги почитува светците, нарекувајќи ја црквата по нив.[1]
За време на германската окупација во Вторатата светска војна, во зграда непосредно до црквата, каде денес се наоѓа современата „Св. Никола“, работела нелегална радиостаница која предавала програма на Сојузничките сили.[1]
Во 1983 г. црквата е префрлена под Солунската епархија на Вселенската патријаршија, а во 1988 г. станала парохиски храм. Во 2000 г. границите на парохијата се проширени. Во храмот има параклис „Св. Серафим Саровски“. Иконостасот е подарен во 1957 г. од рускиот светогорски манастир „Св. Пантелејмон“ заедно со икона на Свети Серафим Саровски.[1]
Во црквата се чуваат дел од моштите на Свети Димитрија и Свети Никола, подарок од парохијата „Св. Панагиј Басијас“ на Крф, како и мошти од Свети Харалампиј.[3]
На трошок на парохијата е изградена црквата „Сите Солунски Светители“, сместена во комплексот на Вишата духовна академија во Солун.[3]
Во 2005 г. веднаш јужно од храмот е поставен камен-темелникот на нова црква „Св. Николаа и Св. Димитриј“ по проект на Константинос Каравасилас.[4]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Τερμεντζόγλου, Γεώργιος Κ (2013). Εγκαίνια νεότερων ναών της Θεσσαλονίκης (1912-2011) (PDF). Θεσσαλονίκη: Αριστοτέλειο Πανεπιστήμιο Θεσσαλονίκης, Θεολογική Σχολή, Τμήμα Ποιμαντικής και Κοινωνικής Θεολογίας. стр. 23.
- ↑ „Άγιοι Νικόλαος & Δημήτριος“. Ιερά Μητρόπολη Θεσσαλονίκης. Архивирано од изворникот на 2022-07-21. Посетено на 16 октомври 2016.
- ↑ 3,0 3,1 Τερμεντζόγλου, Γεώργιος Κ (2013). Εγκαίνια νεότερων ναών της Θεσσαλονίκης (1912-2011) (PDF). Θεσσαλονίκη: Αριστοτέλειο Πανεπιστήμιο Θεσσαλονίκης, Θεολογική Σχολή, Τμήμα Ποιμαντικής και Κοινωνικής Θεολογίας. стр. 24.
- ↑ Τερμεντζόγλου, Γεώργιος Κ (2013). Εγκαίνια νεότερων ναών της Θεσσαλονίκης (1912-2011) (PDF). Θεσσαλονίκη: Αριστοτέλειο Πανεπιστήμιο Θεσσαλονίκης, Θεολογική Σχολή, Τμήμα Ποιμαντικής και Κοινωνικής Θεολογίας. стр. 25.