Црква „Св. Никола Томанов“

Свети Никола и Свети Елевтериј Томанов (грчки: Άγιος Νικόλαος και Άγιος Ελευθέριος Άρχοντος Θωμανού) — црква во градот Костур, Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија.

Св. Никола Томанов
Άγιος Νικόλαος και Άγιος Ελευθέριος Άρχοντος Θωμανού
Поглед на црквата
Карта
40°31′11″N 21°16′13″E / 40.51972° СГШ; 21.27028° ИГД / 40.51972; 21.27028
МестоКостур, Костурско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Завршена1637
Управа
Архијерејско намесништвоКостурско
ЕпархијаКостурска

Местоположба

уреди
 
Поглед на источниот ѕид

Црквата припаѓа на Елеуската парохија.[1]

Историја

уреди

Црквата е изградена во XVII век. Внатре е зачуван вреден живопис од 1637 година, дело на зографот Никола од Линотопи. Забележително, зачуван е потписот на уметникот: „ΧΕΙΡ ΔΕ ΙΠΑΡΧΗ ΝΙΚΟΛΑΟΥ ΕΚ ΧΩΡΑΣ ΛΙΝΟΤΟΠΙ“.[1]

Во 1924 г. црквата е прогласена споменик на културата.[2]

Архитектура

уреди

Првичната форма на црквата била еднокорабна базилика со дрвен покрив и припрата на северниот ѕид. Сегашната форма е променета со изградбата на купола, а оригиналната градба е зачувана само на западниот и северниот ѕид.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Δόικος, Νίκος & Γιάννης Σίσιου & Δημήτριος Τσουρτσούλας (1995). Καστοριανά Μνημεία: Μακεδονική Κληρονομιά. Χρωμογραφή. стр. 118.
  2. „ΠΔ 3-11-1924 - ΦΕΚ 279/Α/6-11-1924“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2023-01-23.