Црква „Св. Никола“ - Трлис
Свети Никола (грчки: Ιερός Ναός Αγίου Νικολάου Βαθυτόπου) — црква во селото Трлис, Драмско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Зихненско-неврокопската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2] Црквата е изградена во 1834 г., што е означено на ктиторската плоча уништена кога селото потпаднало под грчка власт. Градбата претставува трикорабна базилика со купола, трем и камбанарија на запад.[1] На запад има женска црква со свој влез.[2] Внатре е зачуван изворниот иконостас со старите икони и резбаните парапети. Иконостасот е богато украсен само во делот на средишниот кораб. Иконите од 1851, 1861 и 1869 г. (Архангел Михаил, Свети Никола, Богородица и др.) се делоа на неврокопскиот иконописец Серги Георгиев. Оние датирани αωιγ (=1813) и αωιδ' (=1814) се донесени од грчките доселеници од Мала Азија и се дело на Кирјаз од Енос (Енез).[2]
Свети Никола | |
---|---|
Αγίου Νικολάου | |
Поглед на црквата | |
41°21′0.1″N 23°42′39.8″E / 41.350028° СГШ; 23.711056° ИГД | |
Место | Трлис, Драмско |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Архит. тип | трикорабна базилика |
Завршена | 1834 |
Управа | |
Архијерејско намесништво | Зрновско |
Епархија | Зихненско-неврокопска |
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Црквата „Св. Никола" во Трлис“. Corect. Архивирано од изворникот на 2014-11-11. Посетено на 10 ноември 2014.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 „Ιστορία Πλεύνας-Πετρούσας. Η Παλαιά Εκκλησία Πλεύνας και άλλες 32 Μεταβυζαντινές Εκκλησίες στο Νομό Δράμας“. Τα Νέα της Πετρούσας. Посетено на 16 ноември 2014.
- ↑ „Βυζαντινά Μνημεία“. Δήμος Νευροκοπίου. Посетено на 14 ноември 2014.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Никола“ - Трлис на Ризницата ?