Црква „Св. Никола“ - Маруша
Свети Никола (грчки: Αγίου Νικολάου) — црква во некогашното село Маруша, Берско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија.[1]
Свети Никола | |
---|---|
Αγίου Νικολάου | |
40°33′22.9″N 22°3′45.9″E / 40.556361° СГШ; 22.062750° ИГД | |
Место | Маруша, Берско |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Архит. тип | еднокорабна базилика |
Завршена | XVIII век |
Управа | |
Архијерејско намесништво | Берско |
Епархија | Берско-негушко-камбаниска |
Историја
уредиЦрквата е изградена на почетокот на XVIII век, веројатно врз постар храм. Ова е единствената преостаната градба од селото по неговото уништување во Негушкото востание од 1822 г.[1]
Архитектура
уредиГрадбата е еднокорабна базилика со дрвен покрив и испакната правоаголна апсида на исток, во која има слепа ништа со улога на чесна трпеза. На источниот ѕид има друга слепа ниша, тука во улога на жртвеник. Нартексот служел и како женска црква и има речиси исти димензии како наосот, поврзан со него преку мал влез. Црквата има и егзонартекс, кој се протега по поголемиот дел од јужниот ѕид.[1]
Црквата има два влеза, обата од јужниот ѕид. Едниот води во наосот, а другиот во припратата. Висината на влезовите не надминува 1,5 м, што е типично за тоа време, кога вратите се правеле намерно доста ниски за да не може во храмот да се влегува на коњ и така да се осквернува. Осветленоста е исклучително лоша бидејќи има само еден прозорец на јужниот ѕид; останатаата светлина е од свеќи и полилеи. Подот на црквата покриен со керамички плочки од почетокот на XVIII век, некои до нив со врежани украси. Слична керамика, веројатно од истата работилница, има на подот од жртвеникот во „Св. Атанасиј“ во соседното Чорново, парохиски храм на Маруша.[1]
Бидејќи храмот е изграден на планинска падина, западниот и половина од јужниот ѕид однадвор се повисоки од остатоктот од градбата. Во егзонартексот има скалиште което се протега од височината на влезот на припратата на југозапад до западната стена на храмот. Непосредно од западниот ѕид има мала камбанарија. На исток од црквата е новата камбанарија, како и двокатна градба од 1960-тите предвидена за гости. На север од црквата биле селските гробишта — таму се откриени три надгробни крста, вградени однадвор во источниот ѕид на храмот. Бидејќи најверојатно бла единствена во селото, црквата служела како главна и гробишна.[1]
Храмот на многу наврати бил оштетуван и пљачкосуван од крадци. Старите икони на иконостасот се украдени во 1992 г. Голем дел од фреските во наосот се варосани во XX век од селани од околните села поради незнаење.[1]