Црква „Св. Никола“ - Кукуречани

црква во Кукуречани, Битолско

Св. Николацрква во битолското село Кукуречани, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Битолското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА.

Свети Никола
македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Битолско
Парохија Кукуречанска
Местоположба

Карта

Координати 41°5′40.3″N 21°19′19.2″E / 41.094528° СГШ; 21.322000° ИГД / 41.094528; 21.322000
Место Кукуречани
Општина Битола
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Никола
Завршено 1875
Архитектонски опис
Архит. тип куполна базилика
Стил преродбенички

Црквата е гробишен храм, изграден на западниот крај на селото. Според натписот на порталот на црковниот двор, црквата е изградена во 1875 година и поправена во 1998 година.[1] Претставува куполна базилика со затворен трем на западната и поголем дел од јужната страна. На исток има полукружна апсида со самостоен покрив, расчленета на слепи ниши од пиластри со капители. На запад од храма има одделна куловидна камбанарија на два ката.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Кукуречани“. Мој Роден Крај. Архивирано од изворникот на 2018-07-30. Посетено на 30 јули 2018.