Црква „Св. Недела“ - Волино
црква во Волино, Дебрца
Св. Недела — црква во охридското село Волино, Општина Дебрца. Му припаѓа на Охридското архијерејско намесништво во Дебарско-кичевската епархија на МПЦ - ОА.
Света Недела
| |
македонска православна црква | |
Епархија | Дебарско-кичевска |
Архијерејско намесништво | Охридско |
Парохија | Мешеишка |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°13′4″N 20°44′37″E / 41.21778° СГШ; 20.74361° ИГД |
Место | Волино |
Општина | Дебрца |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Света Недела |
Изградба | 1994 - 2005 |
Осветување | 2005 |
Архитектонски опис |
Темелите на црквата се осветени на 18 септември 1994, а црквата е осветена на 17 јули 2005 година од страна на митрополитот Тимотеј Дебарско-кичевски. Изградена е со средства на мештаните и други дарители. Фреските се дело на Драган Ристески и М. Лечиќ. [1]
Црковниот двор, кој се протега од двете страни на патот, е партерно уреден со патеки и фонтана.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Охридско архијерејско намесништво“. Дебарско-кичевска епархија.