Црква „Св. Марина“ - Шемолтос
Света Марина (грчки: Βασιλική της Αγίας Μαρίνας) — ранохристијанска црква во селото Шемолтос, Зихненско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Зихненско-неврокопската епархија на Цариградската патријаршија.[1]
Света Марина | |
---|---|
Αγίας Μαρίνας | |
Место | Шемолтос, Зихненско |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Архит. тип | трикорабна базилика |
Управа | |
Епархија | Зихненско-неврокопска |
Архитектура
уредиХрамот е откриен по Втората светска војна. Претставува проста трикорабна базилика. Надворешните ѕидови немаат рамномерна дебелина — источниот е 0,80 м, северниот 0,90 м, а јужниот 0,84 м. Од атриумот на базиликата е зачуван само еден ѕид. Нартексот има димензии 13,30 × 2,50 м. Во него водат две врати од запад, а други две се наоѓаат на северниот и јужниот ѕид.[1] Наосот има надворешни димензии од 16,80 × 13,30 м. Се влегува преку три врати од нартексот спроти секој кораб на наосот. Трите кораба се поделени со столбови, широки 0,66 м. Трите јонски капитела од базиликата се во малата црква „Св. Димитриј“, изградена на растојание од 200-300 м. Поради скромните димензии, храмот веројатно имал галерија. Целиот под на базиликата бил покриен со плочи со димензии 0,35 × 0,25 м.[2]
Врз остатоците од конхата на апсидата е изграден истоимен параклис.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Παπαζώτος, Θανάσης (1976). „Τα χριστιανικά μνημεία του Σέμαλτου“. Μακεδονικά. Θεσσαλονίκη. 16: 252. ISSN 2241-2018.
- ↑ Παπαζώτος, Θανάσης (1976). „Τα χριστιανικά μνημεία του Σέμαλτου“. Μακεδονικά. Θεσσαλονίκη. 16: 254. ISSN 2241-2018.