Црква „Св. Димитриј“ - Шемолтос

црква во Шемолтос, Зихненско

Свети Димитриј (грчки: Ιερός Ναός Αγίου Δημητρίου) — византиска црква во селото Шемолтос, Зихненско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Зихненско-неврокопската епархија на Цариградската патријаршија.[1]

Свети Димитриј
Αγίου Δημητρίου
МестоШемолтос, Зихненско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Архит. типеднокорабна базилика
Управа
ЕпархијаЗихненско-неврокопска

Архитектура

уреди

Црквата е мала еднокорабна базилика со димензии 6,95 × 3,80 м. Низ времето доживеал разни преправки, и првобитната ѕидарија е зачувана само на висина 1,50 - 2  од подот. Таа е направена од камења и керамика, поставени несистематски и врзани со тврд малтер. Нагоре ѕидаријата е камена, без врзивен материјал. Внатре жртвеникот е изграден од тули. Во североисточниот агол на храмот се откриени фрески под денешниот слој.[1]

Можно е да се работи за црквата Водица, спомената во хрисовула на Андроник II Палеолог од 1301 г. како сопственост на светогорскиот манастир Ватопед.[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Παπαζώτος, Θανάσης (1976). „Τα χριστιανικά μνημεία του Σέμαλτου“. Μακεδονικά. Θεσσαλονίκη. 16: 276. ISSN 2241-2018.
  2. Παπαζώτος, Θανάσης (1976). „Τα χριστιανικά μνημεία του Σέμαλτου“. Μακεδονικά. Θεσσαλονίκη. 16: 277. ISSN 2241-2018.