Црква „Св. Марена“ - Зубовце

црква во селото Зубовце

Света Марена - Огнена Марија позната и како Света Марина — една од трите цркви во гостиварското село Зубовце. Се наоѓа во западниот дел на селото и е изградена во 1845 година, врз темели на многу постара црква. Во 1859 година познатиот Дичо Зограф, со својата тајфа ги има насликано живописот на црквата и 50-тина икони, а се потпишал и на престолната икона на св. Марина[1]. во црквата има една икона („Симнување од крстот“) која е насликана од Љубе Бошковски[2][3]. Патрониот празник на црквата е денот на Св. Марена кој се празнува на 30 јули, кој всушност е празник и на целото село[2]. Брдото пред црквата e склоно на ерозија и се спушта по неколку сантиметри и постои опасност да ја свлече црквата. Местото е посетено од професори од Градежниот факултет од Скопје за кој е изработен проект за спречување на понатамошно лизгање на земјата и санирање на целиот простор[4].

Света Марена

Поглед кон црквата

македонска православна црква
Епархија Тетовско-гостиварска
Архијерејско намесништво Гостиварско
Местоположба

Карта

Место Зубовце
Општина Врапчиште
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Света Марена
Изградба 1845
Живопис 1859
Зограф Дичо Зограф
Архитектонски опис

Наводи

уреди
  1. „Света Огнена Марина – Марена“. Македонска нација. 28 јули 2009. Посетено на 2010-05-01.
  2. 2,0 2,1 „Голема свеченост по повод празникот Огнена Марија беше одржана во Зубовце“. КИСС ТВ. 30 јули 2008. Посетено на 2010-05-01.[мртва врска]
  3. „Љубе Бошкоски им подари икона на зубовчани која сам ја насликал“. Утрински Весник. 10 јануари 2007. Посетено на 2010-05-01.[мртва врска]
  4. „Лизгање на земјиште и се заканува на црквата во Зубовце“. Утрински Весник. Посетено на 2010-05-01.[мртва врска]