Црква „Св. Константин и Елена“ - Соколарци

црква во Соколарци, Кочанско

Св. Константин и Еленацрква во кочанското село Соколарци, Општина Чешиново-Облешево, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Кочанското архијерејско намесништво во Брегалничката епархија на МПЦ - ОА.

Свети Константин и Елена

Камбанаријата на црквата

македонска православна црква
Епархија Брегалничка
Архијерејско намесништво Кочанско
Парохија Соколарска
Местоположба

Карта

Координати 41°53′46″N 22°16′43″E / 41.89611° СГШ; 22.27861° ИГД / 41.89611; 22.27861
Место Соколарци
Општина Чешиново-Облешево
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Цар Константин и Царица Елена
Изградба 1848
Архитектонски опис
Архит. тип трикорабна базилика
Стил преродбенички

Црквата е сместена на сретселото. Изградена е во 1848 година, а во 1892 година е обновена. Не е зографисана, а иконите се од XIX век, дело на непознат автор.[1] Иконите „Богородица со Христос“, „Свети Димитрија“ и „Вознесение Христово“ се изработени во 1895 година, дело на прочуениот мајстор Димитар Андонов Папрадишки.[2][3]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Соколарска парохија“. Брегалничка епархија. Архивирано од изворникот на 2015-09-23. Посетено на 28 март 2014.
  2. Николовски, Дарко (2020). Фото архива на Антоние Николовски за Македонските зографи од крајот на XIX и почетокот на XX век: (Андонов, Зографски и Ванѓеловиќ) (PDF). Скопје: Едиција Културно наследство, Министерство за култура на Р. С. Македонија. стр. 74–76.
  3. Ајтовска, Љубинка, Илинка Атанасова (2017). Црквата Свети великомаченик Георгиј – еден век постоење. Кочани: Општина Кочани. стр. 32.