Црква „Св. Катерина“ - Солун
Света Катерина (грчки: Αγίας Αικατερίνης) — средновековна црква во градот Солун, Егејска Македонија. Влегува во состав на Солунската епархија на Цариградската патријаршија.[1] Во 1988 г. е прогласена за светско наследство на УНЕСКО како дел од Ранохристијанските и византиски споменици во Солун.[2][3]
Света Катерина | |
---|---|
Αγίας Αικατερίνης | |
Поглед на црквата | |
40°38′35.34″N 22°56′39.49″E / 40.6431500° СГШ; 22.9443028° ИГД | |
Место | Солун |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Архит. тип | крстовиден храм |
Изградба | XII - XIV век |
Управа | |
Епархија | Солунска |
Историја
уредиХрамот се наоѓа во северозападниот дел на Горниот Град. Подигнат е на крајот од XIII или почетокот на XIV век, но не се познати точната година и точниот светец на кој бил посветен. Судејќи по внатрешните укарси во фрегменти, датира од околу 1315 г., и постои претпоставка дека бил црква на манастирот „Христос Седржител“.[4] По падот на Солун во рацете на Османлиите за време на Бајазит II, црквата е претворена во муслимански храм и го добила името Јакуп-пашина џамија (турски: Yakup Paşa Camii).[5] По потпаѓањето на Солун под грчка власт во 1912 г. црквата е посветена на Света Катерина.[1]
Градбата има сложен четворен крстовиден план, со пет куполи и затворен надворешен трем кој води на исток во жртвеникот и ѓаконикот — денешниот параклис „Св. Ефимија“. Во конхата на жртвеникот се зачувани фрески на јерарси и апостоли. Во куполата има пророци и ангели околу Христос Седржител. Во северозападната купола е Христос Емануил.[1]
Во главниот храм се зачувани фрески на Христовите чуда — Свадбата во Кана, Исцелувањето на фатениот, на слепите, на лепрозниот, смирувањето на езерските води, и на разговорот на Исус со Самарјанката. Има и стари фрески со светци и испосници. Претпоставката дека бил посветен на Христос Седржител се должи на застапеноста на подробни сцени од житието на Христос.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 „Ιεροί Ναοί. Αγία Αικατερίνα“. Ιερά Μητρόπολη Θεσσαλονίκης. Архивирано од изворникот на 2022-07-17. Посетено на 7 јуни 2016.
- ↑ „Paleochristian and Byzantine Monuments of Thessalonika“. UNESCO. Посетено на 11 јули 2016.
- ↑ „ΠΑΓΚΟΣΜΙΑ ΠΟΛΙΤΙΣΤΙΚΗ ΚΛΗΡΟΝΟΜΙΑ UNESCO: Παλαιοχριστιανικά και Βυζαντινά μνημεία Θεσσαλονίκης“. Hellenic National Commission for UNESCO. Архивирано од изворникот на 2016-12-24. Посетено на 2022-07-17. Занемарен непознатиот параметар
|access=
(се препорачува|access-date=
) (help); Недостасува права црта во:|access=
(help) - ↑ Kourkoutidou-Nikolaidou, E., Tourta, A (1997). „Wandering in Byzantine Thessaloniki“. Kapon Editions. стр. 116–120. ISBN 960-7254-47-3. no-break space character во
|pages=
во положба 4 (help); Отсутно или празно|url=
(help) - ↑ Papagiannopoulos, Apostolos. Monuments of Thessaloniki, Rekos ltd., 2015, p.69
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Катерина“ - Солун на Ризницата ?