Црква „Св. Илија“ - Ракотинци

манастирска црква во Ракотинци, Скопско

Св. Илијацрква во скопското село Ракотинци, Општина Сопиште, храм на Ракотинскиот манастир. Му припаѓа на Јужноскопското архијерејско намесништво во Скопската епархија на МПЦ - ОА.

Свети Илија
македонска православна црква
Епархија Скопска
Архијерејско намесништво Јужноскопско
Местоположба

Карта

Координати 41°56′28.7″N 21°24′40.7″E / 41.941306° СГШ; 21.411306° ИГД / 41.941306; 21.411306
Место Ракотинци
Општина Сопиште
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Илија
Завршено 1875
Осветување 1890
Архитектонски опис
Стил еднокорабен

Црквата е изградена во 1875 г. од архимандритот Јоаникиј Ракотински, кој во поново време е прогласен за светец.[1] Комплексот е осветен во 1890 г. од митрополитот Теодосиј Гологанов. Црквата е корабна и има припрата. Соборен ден е Илинден, кој во минатото привлекувал верници од Скопје и селата во областа Каршијак.[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Јоаникиј Ракотински“. Македонска нација. 23 мај 2018. Посетено на 5 јануари 2022.
  2. Трайчевъ, Георги (1933). Манастиритѣ въ Македония (PDF). София: Македонска библиотека № 9. стр. 120.