Јоаникиј Ракотински
Архимандрит Јоаникиј Ракотински (20 јануари 1847, Охрид - 24 јануари 1940, Ракотинци) — македонски архимандрит, учител, лекар и православен свештеник. Моштите на архимандритот се сметаат за свети од страна на православното население во Македонија бидејќи и после 70 години од неговата смрт тие се во одлична зачувана состојба.[1]
Јоаникиј Ракотински | |
---|---|
Архимандрит Јоаникиј Ракотински | |
архимандрит | |
Роден(а) | 20 јануари 1847, Охрид |
Починал(а) | 24 јануари 1940, Ракотинци, Македонија |
Почитуван(а) во | христијанство |
Главно светилиште | Црква „Св. Илија“ - Ракотинци |
Слава |
Живот
уредиЗа ова свето лице денес има многу малку зачувано податоци, но се знае само годината на раѓање. Според мештаните, архимандритот го нарекувале Дедо Аџија и потекнувал од Охридско. Исто така, според тврдењата, пред да се досели во с. Ракотинци, архимандритот живеел монашки живот во Марковиот манастир. Во неговото време, тој бил сметан за најобразована личност во околината. Преподобен Јоаникиј Ракотински, покрај тоа што бил архимандрит, тој работел повремени и како учител и локален судија. Доста познат е и по неговите познавања од областа на медицината и бил сметан за лекар.[2]
Вниманието на пошироката македонска православна јавност било привлечено со, како што се верува, чудесното појавување на моштите на ова свето лице. Како што се знае, архимандритот живеел и служел во црквата во селото Ракотинци, Скопско. Тој починал на својата 101 годишна возраст и неговата желба била да почива во истото тоа населено место. Додека сè уште бил жив, архимандритот сам си го ископал гробот каде и го закопале по смртта.
Моштите на светото лице се појавиле двапати. Првиот пат се појавиле за време на социјалистичкиот режим во Македонија и селаните набрзо повторно ги закопале. Вториот пат моштите се појавиле нешто подоцна и тоа било доволна причина за да се увери македонската православна јавност дека нешто свето има во самите мошти. Поточно, со второто појавување на моштите православното население се уверило дека моштите се многу добро зачувани, нераспаднати и верувањата за светоста на архимандритот зајакнале. По второто појавување, локалниот свештеник и селаните го закопале архимандритот во селските гробишта, за да подоцна го вратат во неговиот првобитен гроб. Овој пат, тие го ставиле во стаклен сандак обложен со камени плочи кои се наоѓале насекаде околу ковчегот освен на лицето. Но, лошата заштита довела до благо оштетување на телото, но сепак истото и денес е доста заштитено.[2] Според доказите, земјиштето каде се наоѓало телото на архимандритот почнало да се лизга, откривајќи ги моштите на светецот. Поради свлечиштето, надлежните лица биле во потрага по соодветна локација за конечно положување на светите мошти. Како последица на сето тоа, МПЦ - ОА на 24/09.2017 во Соборниот Храм во Скопје,официјално го прогласи за светител преподобниот Јоаникиј Ракотински. Неговите мошти се поставени во соборниот храм во Скопје. Во манастирот на свети Никола во Љубанци е живописана неговата прва икона.
Верниците се обраќаат со молитвата Свети оче Јоаникие, моли Христа Бога за нас.
Наводи
уреди- ↑ „МПЦ тајно ги преселила моштите на несудениот светец Јоанакиј Ракотински“. Посетено на 2010-08-24.[мртва врска]
- ↑ 2,0 2,1 2,2 „Преподобен Јоаникиј Ракотински“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2010-08-24.