Црква „Св. Илија“ - Мирковци

црква во Мирковци, Скопско

Св. Илија Долницрква во скопското село Мирковци, Општина Чучер-Сандево, храм на Чардачкиот манастир. Му припаѓа на Северноскопското архијерејско намесништво во Скопската епархија на МПЦ - ОА.

Свети Илија

Поглед на црквата „Св. Илија“ (зад дрвото е соседната „Св. Богоридица“)

македонска православна црква
Епархија Скопска
Архијерејско намесништво Северноскопско
Местоположба

Карта

Координати 42°05′08.5″N 21°24′35.2″E / 42.085694° СГШ; 21.409778° ИГД / 42.085694; 21.409778
Место Мирковци
Општина Чучер-Сандево
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Илија
Завршено 1879
Архитектонски опис

Црквата е сместена на падините на Скопска Црна Гора, јужно од Мирковци и источно од Глуво. Се наоѓа во месноста Чардак, поради што манастирот е наречен Чардачки. До оваа црква е сместена и црквата „Св. Богородица“. Иконостасот е дело на видниот живописец Нестор Алексиев Мирчевски.

Историја

уреди
 
Иконостасот

Според Георги Трајчев, црквата е изградена е во 1879 г. од монахот Софрониј, родум од Мирковци, на својот личен имот и ја ставил под јурисдикција на Бугарската егзархија на која ѝ служел. Намерно ја нарекол „Св. Ѓорѓи“ со цел да ги одвлече посетителите на истоимената манастирска црква во Бањане, која била под раководство на српската (патријаршиска) струја.[1]

Почнувајќи од 1905 г. српската струја почнала да навлегува во службата и управата и на мирковската црква, што предизвикало бурни реакции. Така, борбата помеѓу двете пропаганди продолжила ожесточено до самиот крај на отоманската држава.[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Трайчевъ, Георги (1933). Манастиритѣ въ Македония (PDF). София: Македонска библиотека № 9. стр. 116.
  2. Трайчевъ, Георги (1933). Манастиритѣ въ Македония (PDF). София: Македонска библиотека № 9. стр. 117.

Надворешни врски

уреди