Црква „Св. Илија“ - Бањане
Св. Илија Горни — црква во скопското село Бањане, Општина Чучер-Сандево. Му припаѓа на Северноскопското архијерејско намесништво во Скопската епархија на МПЦ - ОА. Претставува храм на истоимениот манастир. Црквата е прогласена за културно наследство на Македонија.[1]
Свети Илија
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Скопска |
Архијерејско намесништво | Северноскопско |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 42°7′48″N 21°23′15″E / 42.13000° СГШ; 21.38750° ИГД |
Место | Бањане |
Општина | Чучер-Сандево |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Илија |
Завршено | XIV век |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | еднокорабна |
Сместена е на падините на Скопска Црна Гора, недалеку од селото и долината на Бањанска Река.[2]
Манастирската црква мала еднокорабна градба со тристрана олтарна апсида од исток, изградена во XIV век. Од северната страна црквата е споена со карпа која ѝ дава необичен изглед. Внатрешноста е покриена со живопис од кој се распознаваат два слоја. Првиот е постар и датира од самата изградба на црквата.[2]
Во 1846 година иконостасните икони се обновени од Дичо Зограф, што е наведено на парапетната плоча на иконостасот под престолната икона на Исус Христос Седржител, потпишана и датирана со 1846. Негови се и осумте апостолски икони.[3]
Слики
уреди-
Влезот на црквата
-
Живопис во внатрешноста
-
Конаците
-
Манастирскиот двор
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Список на заштитени добра. Состојба до 31.12.2012. Скопје: Управа за заштита на културното наследство.
- ↑ 2,0 2,1 „Св. Илија Горни, с. Бањани, Cкопско“. Macedonium. Посетено на 5 април 2014.
- ↑ „Иконописното творештво на Дичо Зограф во Скопје и Скопскиот регион“. Премин Портал. Посетено на 23 март 2015.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Илија“ - Бањане на Ризницата ?