Црква „Св. Димитриј“ - Шеразмен
Свети Димитриј (грчки: Αγίου Δημητρίου) — црква во селото Шеразмен, Берско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија.[1]
Свети Димитриј | |
---|---|
Αγίου Δημητρίου | |
40°34′9″N 22°20′25″E / 40.56917° СГШ; 22.34028° ИГД | |
Место | Шеразмен, Берско |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Културнонаследна категорија | споменик на културата |
Архит. тип | трикорабна базилика |
Завршена | 1756 |
Управа | |
Архијерејско намесништво | Кавасилско |
Епархија | Берско-негушко-камбаниска |
Храмот е сместет во средишниот дел на селото, веднаш до истоимената понова црква.[2] Претставува трикорабна базилика со дрвен покрив, женска црква и трем од западната и јужната страна. Според натписот на јужниот ѕид, изградена е во 1756 г.[2] Живописот во внатрешноста потекнува од три различни периоди. Главниот дел е од 1810 г.,[3] кога храмот е обновен за време на митрополитот Неофит согласно натпис на јужниот ѕид. Внатре на исток во олтарниот простор и апсидата има фрески од крајот на XVIII до почетокот на XIX век. На дрвениот резбан таван над иконостасот е претставен Христос Седржител со херувими, датиран во 1876 г. Иконостасот е изработен во неокласичен стил]] и повеќето од иконите на него се од XIX век. Се издвојуваат царски икони — „Свети Ѓорѓи“, „Свети Димитриј“ и „Свети Врачи“ со релјефни цветни украси и сребрена опкова, како и иконата на Христос Седржител од 1890 г, дело на берскиот зограф Константинос Г. Хаѕинотас.[4]
На 22 септември 1994 г. црквата е прогласена за заштитен споменик на културата.[2]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „11η Εφορεία Βυζαντινών Αρχαιοτήτων“ (PDF). Αρχαιολογικόν Δελτίον. Αθήνα: Υπουργείο Πολιτισμού. Τόμος 49 (1994), Χρονικά Β'2: 571. 1999. ISSN 0570-622Χ. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-05-10.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ32/39057/813/2-9-1994 - ΦΕΚ 713/Β/22-9-1994“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2022-10-06. Посетено на 14 октомври 2014.
- ↑ Αναστάσιος, Γεωργίου. „ΜΕΛΕΤΗ ΓΙΑ ΤΗ ΣΥΣΤΗΜΑΤΙΚΗ ΣΥΝΤΗΡΗΣΗ ΤΩΝ ΤΟΙΧΟΓΡΑΦΙΩΝ ΤΟΥ ΝΑΟΥ ΤΟΥ ΑΓΙΟΥ ΔΗΜΗΤΡΙΟΥ ΣΤΗΝ ΞΕΧΑΣΜΕΝΗ ΗΜΑΘΙΑΣ“. Отсутно или празно
|url=
(help);|access-date=
бара|url=
(help) - ↑ „11η Εφορεία Βυζαντινών Αρχαιοτήτων“ (PDF). Αρχαιολογικόν Δελτίον. Αθήνα: Υπουργείο Πολιτισμού. Τόμος 49 (1994), Χρονικά Β'2: 572. 1999. ISSN 0570-622Χ. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-05-10.