Црква „Св. Димитриј“ - Средно Егри

црква во Средно Егри, Битолско

Свети Димитриј — селска црква во битолското село Средно Егри, Македонија.

Свети Димитриј

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Битолско
Парохија Краварско-бачка
Местоположба

Карта

Координати 40°57′30″N 21°27′39.4″E / 40.95833° СГШ; 21.460944° ИГД / 40.95833; 21.460944
Место Средно Егри
Општина Битола
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Димитрија Солунски
Изградба доцен среден век
1911 (обновена)
Архитектонски опис

Местоположба

уреди

Црквата се наоѓа во самото село.

Историја

уреди

Црквата веројатно е доцносредновековна и била енориски храм на селото сè до почетокот на XIX век. Потоа, по изградбата на „Св. Архангел Михаил“ храмот бил запустен. Во средината на XX век е возобновен. Во него се зачувани вредни внатрешни украси, заклучно со царски двери од крајот на XVI до почетокот на XVII век.[1] Царските двери веројатно се дело на мајстори од Линотопската школа.[2]

Истражувачот Јован Трифуноски не спомнува за постоењето на црквата од средниот век, туку само дека била подигната во 1911 година. Неколку години подоцна, за време на Првата светска војна, црквата била значително оштетена и до истражувањата на Трифуноски во 1950-тите години била напуштена.[3]

Бидејќи селото Средно Егри било поделено на влијанија на Патријаршијата и на Егзархијата, оваа црква била во служба на егзархистите.

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Палигора, Ристо (2013). Неколку царски двери од ХVІ и ХVІІ век во регионите на Пелагониjа и Преспа, во: Прилози ХLІV 1-2, посветени на академик Цветан Грозданов по повод 50 години научноистражувачка деjност. Зборник на трудови од научниот собир одржан на 4 октомври 2012 година во Охрид. Скопje. стр. 153.
  2. Палигора, Ристо (2013). Неколку царски двери од ХVІ и ХVІІ век во регионите на Пелагониjа и Преспа, во: Прилози ХLІV 1-2, посветени на академик Цветан Грозданов по повод 50 години научноистражувачка деjност. Зборник на трудови од научниот собир одржан на 4 октомври 2012 година во Охрид. Скопje. стр. 163–164.
  3. Трифуноски, Јован (1998). Bitoljsko-Prilepska kotlina : antropogeografska proučavanja. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 191. ISBN 8670252678. OCLC 41961345.

Надворешни врски

уреди