Црква „Св. Архангел Михаил“ - Средно Егри

црква во Средно Егри, Битолско

Свети Архангел Михаил — главна селска црква во битолското село Средно Егри, Македонија.[1]

Свети Архангел Михаил

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Битолско
Парохија Краварско-бачка
Местоположба

Карта

Координати 40°57′30.9″N 21°27′43.5″E / 40.958583° СГШ; 21.462083° ИГД / 40.958583; 21.462083
Место Средно Егри
Општина Битола
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Архангел Михаил
Завршено 1830
Архитектонски опис
Стил преродбенички

Црквата е прогласена за споменик на културата на Македонија.

Местоположба

уреди

Црквата се наоѓа во средишниот дел на селото, околу која се наоѓаат и селските гробишта.

Историја

уреди

Храмот бил подигнат во 1830 година.[2]

За време на Првата светска војна во дворот на црквата бугарската војска ги погребала нејзините поручници Христо Хинов и Лаљу Лазаров, загинати на 30 октомври и 6 ноември 1916 година во с. Кременица (Кенали).[3]

Бидејќи селото Средно Егри било поделено на влијанија на Патријаршијата и на Егзархијата, оваа црква била во служба на патријаршистите.[4]

Оттогаш е обновуван; сегашната фасада е од тули. Денешната камбанаријата е изградена во 1997 година со средства од селаните и нивни сонародници од Мелбурн, Австралија.[2]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 „Средно Егри“. Мој Роден Крај. Архивирано од изворникот на 2021-12-30. Посетено на 30 декември 2021.
  3. ДВИА, ф. 39, оп. 1, а.е. 192, л. 70
  4. Трифуноски, Јован (1998). Bitoljsko-Prilepska kotlina : antropogeografska proučavanja. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 191. ISBN 8670252678. OCLC 41961345.

Надворешни врски

уреди