Црква „Св. Димитриј“ - Калапот
Свети Димитриј (грчки: Ιερά Μονή Αγίου Δημητρίου Πανοράματος) — црква на поранешен манастир кај селото Калапот, Драмско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Зихненско-неврокопската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2][3][4][5]
Свети Димитриј | |
---|---|
Ιερά Μονή Αγίου Δημητρίου | |
Фреска на Св. Кирил и Методиј со избришан словенски натпис како ја држат кирилицата, која исто така е избришана | |
41°14′22″N 23°48′30″E / 41.23944° СГШ; 23.80833° ИГД | |
Место | Калапот, Драмско |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Архит. тип | крстокуполен храм |
Завршена | 1865 |
Управа | |
Епархија | Зихненско-неврокопска |
Местоположба
уредиХрамот се наоѓа на 3 км западно од селото, на висорамнинка спроти падините на планината Сминица. До него води делумно одржан калдрмен пат.[5] Од манастирскиот комплекс денес не останало ништо освен црквата.[1]
Историја
уредиЦрквата е изградена во 1865 г. со средства на казата според натписот на мермерна плоча над источниот прозорец[6].[7] Во 1952 г. во манастирот починал последният монах — игуменот Дионисиј.[2]
Архитектура
уредиХрамот претставува еднокорабен крстокуполен храм од тип распространет во XVI – XIX век на Света Гора и други места на Балканот.[1] Апсидата е се издава на исток. На западната и дел од јужната страна има трем.[3][5] Надворешните површини на црквата немаат никакви украси. Куполата е висок осумстран барабан, кој се исдига од страничните згради, без никаква друга потпора.[1] Два пара столбови го делат олтарниот простор од наосот, а други две две го делат наосот од припратата. Припратата е покриена со напречен свод. Тремот првично бил отворен и со столбови, а подоцна е затворен. Покриен е со ниски лакови, кои седат врз ѕидот. Храмот два влеза — еден од западната и еден од јужната страна. Прозорците се тесни и правоаголни, сместени од северната, јужната и источната страна. Трикатната камбанарија е оформена на влезната оска на запад.[5]
Црквата е исѕидана од речен камен и правоаголни мермерни блокови на аглите. Сводовите над окната исто така се од релјефни мермерни блокови. Тули има само во лаковите што го украсуваат куполниот барабан.[6]
Внатре се зачувани иконостасните икони, резбаниот владички престол и резбаниот проскинитар.[1] Резбаниот иконостас е висок речиси колку самата градба.[5] Царските икони на Христос Седржител, Богородица, Свети Димитриј и Свети Јован Претеча се од 1866 г., дело на зоградот Јеремија од Мелник.[5] Иконата на Свети Никола и Свети Харалампиј е датирана во 1872 г., порадена од Атанас Апостолов од Просечен и потпишана од Серги Георгиев.[8]
Сите внатрешни површини се покриени со фрески[6] од крајот на 1874 г.[2] и имале македонски натписи. Со потпаѓањето на Егејска Македонија под грчка власт во 1913 г., овие натписи се избришани.[1] Во апсидата е претставена Пресвета Богородица Поширока од небесата, а во куполата е Христос Седржител со четворицата евангелисти и пророци во барабанот.[6]
Фрески
уреди-
Полуизбришан македонски натпис над влезот
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 „Ιερά Μονή Αγ. Δημητρίου Πανοράματος“. Corect. Архивирано од изворникот на 2014-10-18. Посетено на 17 октомври 2014.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 „Μονή Αγίου Δημητρίου Πανόραμα – Δράμας“. e-CITYmap DRAMA. Архивирано од изворникот на 2014-10-18. Посетено на 17 октомври 2014.
- ↑ 3,0 3,1 „Ιστορία Πλεύνας-Πετρούσας. Η Παλαιά Εκκλησία Πλεύνας και άλλες 32 Μεταβυζαντινές Εκκλησίες στο Νομό Δράμας“. Τα Νέα της Πετρούσας. Посетено на 16 ноември 2014.
- ↑ Δαδάκη, Σταυρούλα. „архивски примерок“. Δήμος Προσοτσάνης. Архивирано од изворникот на 2015-11-07. Посетено на 21 декември 2015. Занемарен непознатиот параметар
|заглавие=
(help) - ↑ 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 5,5 Δήμος Προσοτσάνης. Εκδηλώσεις και Δρώμενα 2018 (PDF). стр. 16.
- ↑ 6,0 6,1 6,2 6,3 Δήμος Προσοτσάνης. Εκδηλώσεις και Δρώμενα 2018 (PDF). стр. 17.
- ↑ Иванов, Йордан Н (1982). Местните имена между долна Струма и долна Места : принос към проучването на българската топонимия в Беломорието. София: Издателство на Българската академия на науките. стр. 18.
- ↑ Δήμος Προσοτσάνης. Εκδηλώσεις και Δρώμενα 2018 (PDF). стр. 16–17.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Димитриј“ - Калапот на Ризницата ?