Црква „Св. Димитриј“ - Велес

црква во Македонија

Манастирот „Св. Димитрија“ се наоѓа на околу два километра јужно од градот Велес во Велешката Клисура, на десната страна од реката Вардар, јужно од реката Тополка и нејзиниот влив во Вардар. Во секој случај постанокот на манастирот датира од постаро време, за коешто ни сведочат извесни историски податоци, запишани од повеќе патописци, историчари, археолозии раскажување на постари луѓе. Но, како и да е, предност за постанокот на манастирот му се дава на средновековието[1].Не може да се негира и претпоставката оти овој храм потекнува од многу постаро време, кога уште постоел стариот град Вилазора. Само, се разбира, тогашното постоење на манастиорот, не можело да ги има денешните димензии, од XIV век, кога го обновил властелинот на цар Душан, Раденко со својата мајка. До таков заклучок се доаѓа преку арехеолошките и други наоди во V и VI век, кога во близината на Вилазора постоеле и други храмови, како што е епископската базилика во Стоби, потоа и базиликата Св. Јован Крстител која потекнува, можеби и од поранешното време. Интересна појава кај овој манастир претставува и самата камбанарија, која е поврзана со манастирската црква и изгледа како да е нејзин составен дел од западната страгана.До средината на овој век, нешто по завршувањето на Втората светска војна, споредните манастирски згради во дворот, служеле како конаци и магацински простории. Од источната страна по сета должина на манастирскиот двор север-југ постоеле две згради составени од приземје и кат. Во приземјето се засолнувала стоката на селските гости, кои доаѓале на манастирската слава Св. Димитрие, првиот петок по Велигден, и во други поголеми празнични денови. Долго време овој манастир бил затрупан, сè додека не бил повторно откопан во триесеттите години на XIX-от век, од повеќе видни велешани, за што стои и спомен плоча во манастирот. За затрупаноста на манастирот сведочат во своите написи и Јордан Хаџи-Константинов - Џинот и Евлија Челебија. Според народните кажувања, се смета дека манастирот бил затрупан, поради доаѓањето на Турците. Постои можност и манастирот да бил затрупан поради одрон на карпи и камења, што често се случува и кај црквата Свети Пантелејмон во Велес. Во близина на овој манастир и во негова надлежност се наоѓаат и повеќе стари помали средновековни цркви, како што се Света Недела, Свети Никола, Света Петка, Свети Јован Крстител - Маркова Меана (во кругот на фабриката „Димко Митрев“), месноста Црн Камен.

Свети Великомаченик Димитриј

Поглед на манастирот Свети Димитрија во Велес

македонска православна црква
Епархија Повардарска
Архијерејско намесништво Велешко
Местоположба

Карта

Место Велес
Општина Велес
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Димитриј
Изградба XIV век
Архитектонски опис

Галерија уреди

Наводи уреди