Црква „Св. Димитриј“ - Валовишта
Свети Димитриј (грчки: Ἁγίου Δημητρίου), попозната како Чесен Појас (Αγίας Ζώνης, букв. „Св. Зона“) — црква во градот Валовишта, Егејска Македонија. Влегува во состав на Валовишката епархија на Цариградската патријаршија.[1]
Свети Димитриј | |
---|---|
Ἁγίου Δημητρίου | |
Поглед на црквата | |
41°14′11.7″N 23°23′47.1″E / 41.236583° СГШ; 23.396417° ИГД | |
Место | Валовишта |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Завршена | ранохристијанско време |
Управа | |
Епархија | Валовишка |
Местоположба
уредиЦрквата се наоѓа во североисточното подножје на ридот Хисар, на чиј врв се издига средновековната тврдина Хисар.[1]
Историја
уредиСветилиштето на храмот е древномакедонска гробница издлабена во гранитна карпа, која раните христијани ја претвориле во место за поклоление. Фасадата на гробницата имитира антички храм со столбови, метопи и фронтон, изделкани во карпата. Средишниот влез на гробницата денес е преправен во царски двери. Слична издлабена гробница, која не е завршена, има и лево од црквата, каде денес стои мала камбанарија.[1]
Во ранохристијанско време гробницата е преправена во црква, што било вообичаено. Во средниот век карпата е насликана со живопис, кој делумно е зачуван и денес.[1]
За време на османлиското владеење црквата е напуштена. Пролетта 1915 г. е црквата е повторно откриена од Теопемпти Пазони, доселеничка во Валовишта. Митрополитот Партениј Валовишки наредил тука да се изгради храм. Во 1916 г. грчките дојденци од Мелник во црквата ја поставиле чудотворната икона на Чесниот Појас. Во 1939 г. по иницијатива на митрополитот Василиј Валовишки црквата е проширена надвор од карпата, добивајќи го денешниот облик. Во 2002 г. митрополитот Макариј Валовишки наполно го обновил храмот.[1]
Поврзано
уреди- Валовишка епархија
- Манастир „Пресв. Богородица Пештерна“ во Мелник, Пиринска Македонија, од каде е донесена чудотворната икона во „Св. Димитриј“
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 „Σέρρες : Πανηγυρίζει ο Ι. Ν.Τιμίας Ζώνης στο Σιδηρόκαστρο – Ένας ναός μέσα στον βράχο“. Επιλογές - Τηλεόραση. 27 август 2018. Архивирано од изворникот на 2019-11-10. Посетено на 10 ноември 2019.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Димитриј“ - Валовишта на Ризницата ?