Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Марена

црква во селото Марена

Успение на Пресвета Богородица — главна селска црква во кавадаречкото село Марена.[1][2]

Успение на Пресвета Богородица

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Повардарска
Архијерејско намесништво Кавадаречко
Парохија Маренска
Местоположба

Карта

Координати 41°27′46″N 22°01′33″E / 41.46278° СГШ; 22.02583° ИГД / 41.46278; 22.02583
Место Марена
Општина Кавадарци
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Богородица
Изградба XIX век
Живопис 1879
Архитектонски опис
Архит. тип трикорабен

Црквата се наоѓа до главниот пат што води за Кавадарци, а околу нејзе се наоѓаат селските гробишта.[3]

Историја уреди

Црквата е изградена во втората половина на XIX век.[2][3]

Архитектура уреди

Архитектонскиот облик на црквата е трикорабен, создаден од два реда колони кои се меѓусебно врзани со арки. Корабите имаат рамни дрвени таваници, а главниот кораб се надвишува над страничните. На источната страна од црквата е олтарната апсида, а две ниши во олтарниот простор ја вршат функцијата на проскомидија и ѓаконикот. Главниот влез во црквата е од западната страна, а помал влез - спореден е на северната страна.[2][3]

Внатрешноста на црквата е осветлена со по три прозорци на јужната и северната страна.[3]

Фрескоживопис уреди

На западниот дел во црквата е галерија на која има една лента со фреско натпис и годината 1879, најверојатно како година кога црквата била зографисана. Внатрешноста на црквата е исполнета со фрески по ѕидовите. Иконостасот во црквата е исполнет со икони: престолни, празнични и на светите апостоли. Три од престолните икони (Св. Никола, Св. Ѓорги, Богородица со Христос и Св. Јован Претеча)се изработени од зографот Петре од село Тресонче 1870 година.[2][3]

На северниот и јужниот ѕид во првата зона се насликани светци во цел раст: „Св. Кирил и Методиј“, „Св. Петка“, „Св. Мина“, „Св. Теодор Тирион“, „Св. Атанасиј“ и други. Композицијата „Страшниот суд" е насликана на јужниот ѕид во втората зона над светците во цел раст. Големите празници со композициите „Воскресение Христово“, „Влегување во Ерусалим“ (Цветници) и други се наоѓаат на северниот ѕид во втората зона. Во главниот кораб и тоа во горните делови насликани се симболите на четирите евангелисти. Тука се и претставниците на Богородица, Исус Христос и Бог Саваот.[3]

Композицијата Благовештение е над олтарната конха а во нишата од проскомидијата е композицијата Христос воскресна од гроб. На западниот дел од црквата - галеријата е презентирана композицијата Успение Богородично а лево и десно се пророците: Данаил, Илија, Соломон, Давид, Исаија, Елисиј и Еремија.[3]

Галерија уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 „Цркви во Маренската парохија“. Повардарска епархија. Посетено на 28 февруари 2018.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 „Културно и национално наследство на Кавадарци“. Институт за информатика. Архивирано од изворникот на 2014-02-25. Посетено на 28 февруари 2018.

Надворешни врски уреди