Црква „Св. Богородица“ - Драгобраште
Св. Богородица (или Успение па Пресв. Богородица) — православна црква во виничкото село Драгобраште, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Кочанското архијерејско намесништво во Брегалничката епархија на МПЦ - ОА.
Света Богородица
| |
македонска православна црква | |
Епархија | Брегалничка |
Архијерејско намесништво | Кочанско |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°53′52″N 22°35′55″E / 41.89778° СГШ; 22.59861° ИГД |
Место | Драгобраште |
Општина | Виница |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Богородица Марија |
Завршено | 1883 |
Осветување | 1883 |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | трикорабна базилика |
Стил | преродбенички |
Црквата е изградена и осветена во 1883 г.[1] Се наоѓа во Чукарлиското Маало и претставува трикорабна базилика со рамни дрвени тавани, изработени од месни мајстори. Вкопана прилично длабоко во земјата, така што од јужната страна во самата црква водат пет скалила. На еден аголен камен, вѕидан во фасадата на црквата се испишани имињата на ктиторите: „1883 ЛЕТО ТИТОРI АТАNАС СОКОЛ АNГЕЛ ПА (ПА?) КОСТАДИ“. На иконостасот во црквата има 58 икони, работени претежно кон крајот на XIX век. Голем дел од нив не се досликани, но неколку од нив се дело на познатиот мијачки иконописец Андон Петров од Гари.[1]
Во оваа црква се одбележува селската слава Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Цркви и манастири“. Музеј на град Виница. Архивирано од изворникот на 2014-04-13. Посетено на 1 декември 2021.