Црква „Св. Атанасиј“ - Чекре

црква во Чекре, Ениџевардарско

Свети Атанасиј (грчки: Άγιος Αθανάσιος) — преродбеничка црква во селото Чекре, Ениџевардарско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Воденско-постолско-мегленската епархија на Цариградската патријаршија.[1]

Свети Атанасиј
Άγιος Αθανάσιος
Карта
40°45′3″N 22°27′30″E / 40.75083° СГШ; 22.45833° ИГД / 40.75083; 22.45833
МестоЧекре, Ениџевардарско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Културнонаследна категоријаспоменик на културата
Архит. типтрикорабна базилика
Стилпреродбенички
ИзградбаXVIII – XIX век
Управа
Архијерејско намесништвоПазарско
ЕпархијаВоденско-постолско-мегленска

Црквата е гробишен храм изграден од крајот на XVIII до почетокот на XIX век. Сместен е на источниот крај на селото, на брегот на денес пресушеното Ениџевардарско Езеро.[1][2] Според друг извор, црквата е од времето на митрополитот Никодим Воденски (1859 – 1870).[3]

Храмот претставува трикорабна базилика со нартекс, женска црква, трем и полукружна апсида. Иконостасот е резбан и царските икони на него се од 1815 г.[1][2] Таванот дрвен и рамен, резбан и насликан.[1]

Црквата е прогласена за историски споменик на 6 декември 1994 г.[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „11η Εφορεία Βυζαντινών Αρχαιοτήτων“ (PDF). Αρχαιολογικόν Δελτίον. Αθήνα: Υπουργείο Πολιτισμού. Τόμος 49 (1994), Χρονικά Β'2: 576. 1999. ISSN 0570-622Χ. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-05-10.
  2. 2,0 2,1 2,2 „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ36/50228/1123/20-10-1994 - ΦΕΚ 903/Β/6-12-1994“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2022-04-23. Посетено на 20 октомври 2014.
  3. Κερκινέογλου, Απόστολος. „ΔΙΑΚΕΚΡΙΜΕΝΟΙ ΤΕΝΕΔΙΟΙ“. Архивирано од изворникот на 2013-12-11. Посетено на 20 октомври 2014.