Црква „Св. Атанасиј“ - Каваларци
Свети Атанасиј (грчки: Αγίου Αθανασίου) — црква во селото Каваларци, Лагадина, Егејска Македонија. Влегува во состав на Лагадинско-ајватовско-рендинската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2]
Свети Атанасиј | |
---|---|
Αγίου Αθανασίου | |
40°43′7.6″N 23°2′48.2″E / 40.718778° СГШ; 23.046722° ИГД | |
Место | Каваларци, Лагадинско |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Културнонаследна категорија | споменик на културата |
Архит. тип | трикорабна базилика |
Завршена | 1850 |
Управа | |
Архијерејско намесништво | Лагадинско |
Епархија | Лагадинско-ајватовско-рендинска |
Црквата е гробишен храм, сместен во северниот дел на селото, и сè до изградбата на „Св. Нектариј“ била парохиска. Подигната е во 1850 г. според камениот натпис вграден во јужниот ѕид.[1][2] Претставува трикорабна базилика со дрвен покрив[1] и полукружна апсида на исток.[2] Има димензии од 12,75 × 19,25 м.[2] На запад и југ има трем[1] од почетокот на XX век.[2] Храмот е изграден на блатно место, и претрпел разни статички неповолни интервенции. Украсите во внатрешноста се во лоша состојба. На новиот иконостас има неколку икони од стариот дрвен иконостас, а останатите икони се во жртвеникот. Во храмот има вкупно 69 вредни преносливи икони, една хоругва за поворки, 8 литургиски предмети и 31 старопечатени книги. Иконите се од 1856, 1857, 1865 и 1872 г. и дел од нив се дело на мајсторот Ставракис Маргаритис од погрченото солунско село Кулакија. Книгите датираат од 1843, 1852, 1902 г., меѓу кои е евангелие со сребрена опкова.[3] Во жртвеникот и на јужниот ѕид на наосот има остатоци од фрески, веројатно од почетокот на XX век.[2]
Во 1997 г. црквата е прогласена за споменик на културата.[1][2]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Μακροπούλου, Δέσποινα, Κωνσταντίνος Κατσίκης (2014). Κειμηλιακό Απόθεμα σε Ναούς της περιφέρειας Θεσσαλονίκης από τον 16ο ως τον 20ο αιώνα. Φορητές Εικόνες, Λειτουργικά Αντικείμενα, Παλαίτυπα και Χειρόγραφα Βιβλία, Τεύχος 1 (PDF) (грчки). Θεσσαλονίκη: Στοά των Επιστημών - Ακαδημία Θεσμών και Πολιτισμών. Βυζαντινή Μακεδονία και Θράκη. стр. XX. Архивирано од изворникот (PDF) на 12 јуни 2018. Занемарен непознатиот параметар
|lang-hide=
(help) - ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ34/20250/501/10-6-1997 - ΦΕΚ 568/Β/11-7-1997 ΦΕΚ 567/Β/11-7-1997“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2022-05-18. Посетено на 11 јуни 2018.
- ↑ Μακροπούλου, Δέσποινα, Κωνσταντίνος Κατσίκης (2014). Κειμηλιακό Απόθεμα σε Ναούς της περιφέρειας Θεσσαλονίκης από τον 16ο ως τον 20ο αιώνα. Φορητές Εικόνες, Λειτουργικά Αντικείμενα, Παλαίτυπα και Χειρόγραφα Βιβλία, Τεύχος 1 (PDF). Θεσσαλονίκη: Στοά των Επιστημών - Ακαδημία Θεσμών και Πολιτισμών. Βυζαντινή Μακεδονία και Θράκη. стр. XXI. Архивирано од изворникот (PDF) на 12 јуни 2018.