Црква „Св. Атанасиј“ - Желево

црква во Желево, Костурско

Свети Атанасиј (грчки: Αγίου Αθανασίου) — преродбеничка црква во селото Желево, Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија..[1]

Свети Атанасиј
Αγίου Αθανασίου
Фреска на црквата со избришан словенски натпис
Карта
40°45′22″N 21°12′17″E / 40.75611° СГШ; 21.20472° ИГД / 40.75611; 21.20472
МестоЖелево, Костурско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Стилпреродбенички
Изградба1864
Управа
Архијерејско намесништвоКорештанско
ЕпархијаКостурска

Црквата е гробишен храм јужно од селото, изграден во 1864 г.[2][3] по иницијатива на првенците хаџи Павле Јанков и Павел Николов Ташов. Изградата била запрена три години поради клевети од гркоманите дека се гради кула, а не црква. Храмот е живописан, но бидејќи натписите на фреските биле на македонски, грчкиот владика Никифор I Костурски одбил да ја освети додека не се отстранат. Натписите се заменети со грчки, но обновени во 1908 г. при фрескописната работа на лазарополските мајстори Ѓорѓи и син му Никола.[4] Во храмот има убав резбан иконостас.[3][5]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Μπαλασάς, Αθανάσιος Κ (2015). „Ιστορικά Στοιχεία, αρχιτεκτονικός πλούτος και μια πρόταση αναβίωσης της περιοχής των Κορεστείων Καστοριάς“ (PDF). Βαλκανικά σύμμεικτα (грчки) (17): 228.
  2. „Πληροφορίες τοπωνυμίου“. Greek tourism guide - GTP. Посетено на 10 јануари 2015.
  3. 3,0 3,1 „Πολιτιστικά μνημεία“. Ο υγρότοπος των Πρεσπών. Посетено на 10 јануари 2015.
  4. Томевъ, Фото (1971). Кратка история на село Желево, Македония (PDF). Издава Благотворителното братство в гр. Торонто, Канада. стр. 20–22.
  5. „Ανταρτικό“. Δήμος Πρεσπών. Архивирано од изворникот на 2015-03-23. Посетено на 10 јануари 2015.