Црква „Св. Атанасиј“ - Дупјак

црква во Дупјак, Костурско

Свети Атанасиј (грчки: Αγίου Αθανασίου) — средновековна црква во селото Дупјак, Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија.

Свети Атанасиј
Αγίου Αθανασίου
Карта
40°28′47″N 21°17′20″E / 40.47972° СГШ; 21.28889° ИГД / 40.47972; 21.28889
МестоДупјак, Костурско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Архит. типтрикорабна базилика
Завршена1991
Управа
Архијерејско намесништвоРупишко
ЕпархијаКостурска

Во 1953 г. е подигната нова црква врз темелите на постар храм, на местото на лековит извор. Осветен е од митрополитот Никифор Костурски, родум од Дупјак. Во 1991 црквата е урната и одновно изградена а да ги задоволи потребите на пораснатото население на Дупјак. Храмот претставува голема трикорабна базилика со купола и камбанарија.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Ιεροί Ναοί-Εξωκκλήσια“. Εκπολιτιστικός Σύλλογος Δισπηλιού Καστοριάς. Посетено на 14 октомври 2016.