Црква „Св. Атанасиј“ - Грубевци
црква во Грубевци, Ениџевардарско, Егејска Македонија
Свети Атанасиј (грчки: Άγιος Αθανάσιος) — преродбеничка црква во селото Грубевци, Ениџевардарско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Воденско-постолско-мегленската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2]
Свети Атанасиј | |
---|---|
Άγιος Αθανάσιος | |
40°50′23″N 22°30′32″E / 40.83972° СГШ; 22.50889° ИГД | |
Место | Грубевци, Ениџевардарско |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Културнонаследна категорија | споменик на културата |
Архит. тип | трикорабна базилика |
Стил | преродбенички |
Изградба | XVIII – XIX век |
Управа | |
Архијерејско намесништво | Пазарско |
Епархија | Воденско-постолско-мегленска |
Црквата е гробишен храм сместен југозападно од селото. Изградена е во XVIII - XIX век.[1][2] На крајот од XIX и почетокот од XX век со црквата завладеала Бугарската егзархија.[3]
Храмот претставува трикорабна базилика со нартекс, трем, женска црква и полукружна апсида. Иконостасот е резбан, позлатен и насликан со световни мотиви. Заедно со царските икони датира од 1804 г.[2] Тие икони се потпишани од Константин Зограф.[1] Во архитравот има фрески.[1]
Црквата е прогласена за историски споменик на 1 декември 1994 г.[1][2]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 „11η Εφορεία Βυζαντινών Αρχαιοτήτων“ (PDF). Αρχαιολογικόν Δελτίον. Αθήνα: Υπουργείο Πολιτισμού. Τόμος 49 (1994), Χρονικά Β'2: 575. 1999. ISSN 0570-622Χ. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-05-10.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ36/50216/1124/20-10-1994 - ΦΕΚ 896/Β/1-12-1994“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2022-04-23. Посетено на 20 октомври 2014.
- ↑ Филипов, Никола (2011). „Свети Кирик“, Горни Воден, Долни Воден. Пловдив: Издателство „SM“. стр. 92.