Црква „Св. Атанасиј“ - Варош
Свети Атанасиј претставува македонски православен храм, кој се наоѓа среде средновековната населба Варош[1], во непосредна близина на црквите „Свети Димитриј“, „Света Богородица – Пречиста“ и манастирот “Свети Архангел Михаил“.
Свети Атанасиј
| |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Прилепско |
Парохија | Варошка |
Местоположба | |
---|---|
Место | Варош |
Општина | Прилеп |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Атанасиј |
Архитектонски опис |
Историја
уредиЗа црквата не се зачувани никакви историски податоци, ниту се најдени натписи во самата црква, современи на нејзиното подигање и живописување. Тоа го усложнува нејзиното попрецизно датирање. Во врска со црквата, се спомнува само архимандритот Леонтиј, кој во 1622 година подарил еден псалтир на манастирот „Зограф“ на Света Гора.
Архитектонски одлики
уредиЦрквата има крстообразна форма. Куполата е изведена преку сферни триаголници, носени од четири монолитни столбови, од кои се сочувани само двата на источната страна. Во ѕидовите на црквата користен е антички градежен материјал, меѓу кои спаѓаат и погоре спомнатите столбови.
На олтарната апсида, која однадвор е тространа, се наоѓа убаво пропорциониран бифорен прозорец со камена колонета. Над влезната врата од западната страна, во тимпанот, сочувана е фреската со ликот на свети Атанасиј. Црквата е градена во комбинација на правилни тесаници и цигла, што претставува карактеристичен начин на ѕидање и оживување на фасадите во XIV век. Во текот на времето, во населбата Варош, многу цркви се урнати до темел, а некои од нив, како „Свети Атанасиј“, сериозно се оштетени. Од првобитниот живопис, кој целосно е уништен, сочувани се видливи траги на јужниот ѕид.
Наводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
Оваа статија црква во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |