Црква „Св. Атанасиј“ - Базерник
Св. Атанасиј Велики (Св. Атанас) — црква во демирхисарското село Базерник, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Крушевско-демирхисарското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА.
Свети Атанасиј
| |
Надвлезната икона на Св. Атанасиј | |
македонска православна црква | |
Епархија | Крушевско-демирхисарска |
Парохија | Сопотничка |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 40°16′58.1″N 21°2′47.7″E / 40.282806° СГШ; 21.046583° ИГД |
Место | Базерник |
Општина | Демир Хисар |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Атанасиј Александриски |
Изградба | XIX век |
Живопис | 1891 - 1895 |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | еднокорабна базилика |
Стил | преродбенички |
Црквата е гробишен храм, сместен во северозападниот дел на селото и изградена е врз темелите на средновековна црква со некропола. Претставува релативно голема еднокорабна градба, покриена со свод. На исток има петстрана апсида. Северниот и јужниот ѕид се укрепени со пиластри, поврзани со лакови. Влезовите се од југ и од запад, каде подоцна е дограден трем. Покривот е на две води со ќерамиди, а апсидата е покриена со камени плочки. Ѕидаријата е изработена од кршен камен, при што отворите и венецот на апсидата се од делкан бигор. Фасадите се фугирани.[1]
Храмот е живописан во периодот од 1891 до 1895 г. од еден од браќата Коста, Вангел и Никола Анастасови од Крушево. Иконостасните икони се од истото време, и се дело на истиот зограф.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Димитров, Никола В. (2017). Географија на населби - Општина Демир Хисар (PDF). Битола. стр. 11. ISBN 978-608-65616-4-2.