Црква „Св. Архангел Михаил“ - Клиново
црква во Клиново, Кавадаречко
Св. Архангел Михаил — православна црква во кавадаречкото село Клиново. Му припаѓа на Кавадаречкото архијерејско намесништво во Повардарската епархија на МПЦ - ОА.
Свети Архангел Михаил
| |
македонска православна црква | |
Епархија | Повардарска |
Архијерејско намесништво | Кавадаречко |
Парохија | Ваташка |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°14′20″N 21°56′34″E / 41.23889° СГШ; 21.94278° ИГД |
Место | Клиново |
Општина | Кавадарци |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Архангел Михаил |
Изградба | XVIII век |
Архитектонски опис |
За црквата не се зачувани никакви историски извори. Во неа нема натпис. Ова е еднокорабна градба со полукружна олтарна апсида на источната страна. Изградена е од плочест камен. Од фреските е зачуван само еден фрагмент во олтарната конха, од претстава на Богородица Ширшаја. Живописот сличен на оној од „Св. Атанасиј“ во Галиште и најверојатно датира од крајот на XVII век.
Во 1860 г. до неа е изградена нова црква со големи димензии, исто така посветена на Архангел Михаил. Денес обете цркви се напуштени.[1][2][3]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Ваташка парохија – цркви и манастири“. Повардарска епархија. 28 ноември 2007. Посетено на 30 ноември 2021. no-break space character во
|title=
во положба 17 (help) - ↑ „Црква Св. Архангел, с. Клиново“. Итар Пејо. Архивирано од изворникот на 2014-03-01. Посетено на 1 март 2014.
- ↑ „Св. Архангел, с. Клиново“. Културно и национално наследство на Кавадарци. Посетено на 21 мај 2016.[мртва врска]