Црква „Св. Архангели“ - Висока
Свети Архангели Михаил и Гаврил (грчки: Ιερός Ναός Παμμεγίστων Ταξιαρχών) — црква во селото Висока, Лагадинско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Лагадинско-ајватовско-рендинската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2]
Свети Архангели | |
---|---|
Παμμεγίστων Ταξιαρχών | |
40°50′16″N 23°12′30″E / 40.83778° СГШ; 23.20833° ИГД | |
Место | Висока, Лагадинско |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Архит. тип | трикорабна базилика |
Завршена | 1804 |
Управа | |
Епархија | Лагадинско-ајватовско-рендинска |
Храмот е сместен во стариот дел на селото. Изграден е во 1804 г., што е означено на натпис на јужниот ѕид.[1][2] На натписот се вели дека храмот е обновен во 1804 г., односно дека е подигнат врз темелите на постар поствизантиски, а можеби и византиски храм.[2]
Црквата претставува трикорабна базилика со дрвен покрив, трем од јужната страна и полукружна апсида на исток.[1][2] Ѕидаријата е изведена од ситни камења, и во јужниот ѕид има вградени камени релјефи.[2] Внатрешноста е пространа, што укажва на тоа дека храмот веројатно бил посветен на тројца светци. До 1960-тите постоела галерија со женска црква. Трите кораби се поделени со првобитните дрвени столбови, премачкани со гипс. За вредни се сметаат резбаниот владички престол и амвон, певницата и проскинитарите, како и клупите.[2] На иконостасот има икони од XVII, XVIII и XIX век,[1][2] од кои некои се дело на Кулакиската школа.[2]
На 12 септември 2011 г. во жртвеникот на храмот, десно од олтарот се положени моштите на Света Кирана, маченичка од Висока. На 8 февруари 2012 г. десно од олтарната врата се положени дел од моштите на Света Акилина, маченичка од лагадинското село Загливер.[2]
-
„Свети Илија“
-
„Света Кирана“
-
„Свети Спиридон“