Црква „Св. Анастасија Узорешителница“ - Анасташа

црква во Анасташа, Драмско

Света Анастасија Узорешителница (грчки: Αγίας Αναστασίας Φαρμακολύτριας) — средновековна црква во селото Анасташа, Зихненско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Зихненско-неврокопската епархија на Цариградската патријаршија.[1]

Света Анастасија
Αγίας Αναστασίας
Карта
41°4′19.6″N 23°48′26.5″E / 41.072111° СГШ; 23.807361° ИГД / 41.072111; 23.807361
МестоАнасташа, Зихненско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Културнонаследна категоријаспоменик на културата
Стилсредновизантиски
ЗавршенаXI – XII век
Управа
ЕпархијаЗихненско-неврокопска

Црквата денес е парохиски храм на селото се состои од два дела – делот на жртвеникот е од средновизантискиот период, а главниот храм е додаден во 1915 (или 1905[1]) и 1975 (или 1978[1]) г. Византиската црква е од типот на куполни храмови оградени со трем. Има ниска цилиндрична купола. На подот и по ѕидовите во византискиот храм има мермерни украси.[2]

Се смета дека црквата е од византискиот манастир кој се наоѓал надвор од ѕидините на тврдината Зихна Во 1333 г. царот Андроник III Палеолог го подарил овој манастир заедно со малиот манастир на Богородица во Острена (Θεοτόκου Οστρινής) и 200 модия обработливо земјиште на монахот Јаков, веројатно заради помошта која Јаков му ја укажал во Граѓанската војна со дедо му Андроник II Палеолог. Манастирот „Пресв. Богородица Узорешителница“ кај селото Кастиџан (Κάστιτζαν) добил грамота од српскиот владетел Стефан Душан во 1345-1346 г. По барање на монахот Јаков, во 1352 г. Стефан Душан издал втора грамота во полза на манастирот „Св. Анастасија“, со која се озаконува сопственоста на старото село Острена. Малку подоцна, во 1352 - 1353 г. монахот Јаков му ги подарил Остринскиот манастир и манастирот „Св. Анастасија“ како метоси на Серскиот манастир („Св. Јован Претеча“).[1]

Црквата е изградена во XIXII век.[1] Под неа има сводеста римска гробница.[3]

Во 1995 г. храмот е прогласен за заштитен споменик на културата.[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 „Αναστασιά. Μονή Αγίας Αναστασίας της Φαρμακολύτριας“. Athos in the World. Посетено на 28 октомври 2014.[мртва врска]
  2. 2,0 2,1 „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ37/29602/727/9-8-1995 - ΦΕΚ 751/Β/31-8-1995“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2022-06-04. Посетено на 28 октомври 2014.
  3. „Church of St. Anastasia in Anastasia“. Corect. Архивирано од изворникот на 2014-11-09. Посетено на 9 ноември 2014.