Црква „Св. Ѓорѓи“ - Савек
Свети Ѓорѓи (грчки: Ἁγίου Γεωργίου) — црква во селото Савек, Валовишко, Егејска Македонија. Влегува во состав на Валовишката епархија на Цариградската патријаршија.[1][2]
Свети Ѓорѓи | |
---|---|
Ἁγίου Γεωργίου | |
Надвлезна фреска на Свети Ѓорѓи | |
41°10′54.1″N 23°23′59.5″E / 41.181694° СГШ; 23.399861° ИГД | |
Место | Савек, Валовишко |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Архит. тип | трикорабна базилика |
Управа | |
Епархија | Валовишка |
Црквата се наоѓа во североисточниот дел на селото. Според едни податоци, изградена е во XVI век[3], а според други во XVIII век.[4] Храмот изгорел во 1918 г. за време на Првата светска војна и подоцна е обновен според првобитниот изглед.[3]
Градбата претставува трикорабна базилика со полукружна апсида на исток. Внатре има три колонади што ја делат на три кораба, од кои средниот е поширок. Внатрешноста е речиси наполно живописана, што е извршено во 1930 г. На северниот ѕид доминира фреската на Страшниот суд. Некои од иконите се дело на сликарско-вајарскиот уметник Ѓорѓи Златанов (Јоргос Златанис) од Савек, а истиот извршил и реставрација на постарите. Негови се и фреските над двата надворешни влеза на црковниот двор.[3]
Од северната страна на храмот и близу него во 1882 г. е изградена камбанаријата. На нејзиниот северозападен ѕид има камена плоча на која стои датумот 21 мај 1882. Камбанаријата е дело на мајстори оД серското село Горно Броди. Има убави керамопластични украси.[1]
Според месната легенда, на местото каде подоцна е подигнат храмот заспал еден бег, на кого му се сонило дека некој го мачи. Ужаснатиот бег се разбудил и им го раскажал сонот на селаните, кои му кажале дека тоа сигурно бил некој светец. Го однеле во црквата „Св. Никола“ и му го покажале Свети Ѓорѓи. Бегот станал христијанин, го примил инето Никола и ја изградил црквата.[3]
На почетокот на XX век црквата била предмет на спор и физичко насилство помеѓу оние кои ја признавале Бугарската егзархија и нивните соселани на страната на Цариградската патријаршија. Патријаршистите успеале да наложат во црквата да се служи само на грчки, но егзархистите не се задоволиле со малата црква „Св. Никола“ над селото, туку изградиле друга црква во Савек.[4]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Κέππας, Γιώργος Ηλ. „Κωδωνοστάσιο-καμπαναριό του ιερού ναού Αγίου Γεωργίου Βαμβακοφύτου“. Βαμβακόφυτο Σιντικής Σερρών. Посетено на 6 ноември 2016.
- ↑ „Παλαιό καμπαναριό Βαμβακοφύτου“. Δήμος Σιντικής. Архивирано од изворникот на 2022-06-13. Посетено на 6 ноември 2016.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 Κέππας, Γιώργος Ηλ. „Ο Ναός του πολιούχου Αγίου Γεωργίου“. Βαμβακόφυτο Σιντικής Σερρών. Посетено на 6 ноември 2016.
- ↑ 4,0 4,1 Божиков, Димитър - баща и Божидар (Тодор) Д. Божиков, Село Савек (Демир-Хисарско), Български юг, Сяр, 17 януари 1942 г.