Црква „Св. Ѓорѓи“ - Боиште
црква во Боиште, Демирхисарско
Св. Ѓорѓи — црква во демирхисарското село Боиште. Му припаѓа на Крушевско-демирхисарското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА.
Свети Ѓорѓи
| |
Фреска од црквата со св. Ѓорѓи во средината | |
македонска православна црква | |
Епархија | Крушевско-демирхисарска |
Парохија | Сопотничка |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°11′49.41″N 21°5′58.53″E / 41.1970583° СГШ; 21.0995917° ИГД |
Место | Боиште |
Општина | Демир Хисар |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Ѓорѓи |
Завршено | 1850 |
Живопис | 1878 |
Архитектонски опис |
Храмот е граден во две фази.[1] Првата е од 1850 година,[1] што е означено над влезот.[2]
Црквата има правоаголен облик со седумстрана апсида на запад, која е покриена архитравно.[3] Западниот влез е обликуван со релјефни камени пиластри и над него има камен релјефен крст.[2] Апсидата, венецот, окната и аглите се изградени од делкан бигор. Покривот е калкански, првично покриен со камени плочки, а подоцна со ќерамиди. Таваницата внатре е со штици и опшивни лајсни. Северниот и јужниот ѕид се живописани со фрески во 1878 година.[3]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Димитров, Никола В. (2017). Географија на населби - Општина Демир Хисар (PDF). Битола. стр. 14. ISBN 978-608-65616-4-2.
- ↑ 2,0 2,1 „Боиште“. Мој Роден Крај. Архивирано од изворникот на 2018-08-20. Посетено на 20 август 2018.
- ↑ 3,0 3,1 Димитров, Никола В. (2017). Географија на населби - Општина Демир Хисар (PDF). Битола. стр. 15. ISBN 978-608-65616-4-2.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Ѓорѓи“ - Боиште на Ризницата ?