Црква „Св. Ѓорѓи“ - Бапчор
црква во историското село Бапчор, Костурско, Егејска Македонија
Свети Ѓорѓи (Αγίου Γεωργίου) — православна црква на местото на историското село Бапчор, во денешната општина Костур, Егејска Македонија. Била главен храм на некогашното село, а денес е во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија.[1]
Свети Ѓорѓи | |
---|---|
Αγίου Γεωργίου | |
40°39′52″N 21°19′56″E / 40.6644° СГШ; 21.3322° ИГД | |
Место | Бапчор, Костурско |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Културнонаследна категорија | споменик на културата |
Изградба | 1774–5 |
Управа | |
Архијерејско намесништво | Тиолишко |
Епархија | Костурска |
Денес од целиот Бапчор е останата само оваа црква, иградена во 1774–5 г. Вратите на црквата се заѕидани во 1948 г. за да не може да служи како прибежиште за бесправни доселеници од Албанија.
Во 1986 г. храмот е прогласен за споменик на културата.[1]
Во 2018 г. до црквата е пробиен пат со помош на војската, а храмот е обновен, враќајќи ги иконостасот и столбовите. На 29 септември истата година храмот е преосветен од митрополитот Серафим Костурски.[2][3]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ36/58866/1235/12-12-1985 - ΦΕΚ 47/Β/19-2-1986“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2021-09-19. Посетено на 16 декември 2014.
- ↑ „Ποιμενικό: Η πρώτη Θεία Λειτουργία μετά από 70 χρόνια (ρεπορτάζ – σειρά φωτογραφιών)“. Fiout.gr. 30 септември 2018. Посетено на 18 февруари 2019.
- ↑ „Φωτογραφίες από τον Ι. Ν. Αγίου Γεωργίου στο Ποιμενικό που εγκαινιάζεται το Σάββατο“. Fiout.gr. 26 септември 2018. Посетено на 18 февруари 2019.