Црква „Св. Јован Крстител“ - Лески

црква во селото Лески
Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png
Macedonian cross.svg
Свети Јован Крстител
Македонска православна црква
Епархија Брегалничка
Архијерејско намесништво Кочанско
Парохија Виничка
Местоположба
Населено место Лески
Општина Виница
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Јован Крстител
Изградба 1848
Осветување непознато
Живопис непознато
Зограф непознат
Водство свештеник Николчо Цикарски
Архитектонски опис
Површина 150 м²
Портал „МПЦ“

Свети Јован Крстител — православна црква кој се наоѓа во виничекото село Лески.[1]

ИсторијаУреди

Црквата е една од најстарите во Општина Виница. Годината на градење не е точно позната, меѓутоа над источниот влез на првобитната црква, која подоцно е доградена, на фреската над вратата има натпис во кој пишува дека во 1874 год. се извршени преправки на црквата. Натписот е доказ дека црквата била градена многу порано вороватно во првата половина од 19 век.[2] Во Брегалничаката епархија годината на градба е напишана 1848.[3]

ЖивописУреди

Во внатрешноста има дрвен иконостас, со четири реда икони, од кои наистарите иконите во најдолниот дел со мотиви од стариот завет, сликани од локални мајстори. Иконите укажуваат на различни периоди во сликањето а и сликарскиот ракопис укажува на различни мајстори.[2]

ПоврзаноУреди

Црквата во 20.век е доградена, надградена и реновирана, со што има добиен сосема нов лик за разлика од првобитниот. Во дворот на црквата се изложени остатоци од камена пластика најверојатно од постар црковен објект што укажува дека христијанството на тие простори постоело многу порано од изградбата на оваа црква од 19 век.[2]

ГалеријаУреди

НаводиУреди

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 2,2 Музеј Теракота Виница
  3. Брегалничка епархија