Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Средно Водно
„Рождество на Пресвета Богородица“ — православна црква сместена на падините на Водно на месното на историското село Горно Водно.[1] Таа е возобновена врз темелите на стара повеќевековна црква со колективно ктиторство на сите поранешни жители на разуранатото село. На црквата Св. Богородица и претходи долга историја која започнала некаде во XIII век, во пишуваните извори спомнувана како „Св. Богородица Елеуса“ и „Св. Богородица Водњанска“, а во втората половина на XVI век црквата запустела. Од 1847 до 1870 година е обновена еднобродната, засводена црква посветена на празникот Рождество на пресв. Богородица. Црквата и селото Горно Водно се разурнати во 1955 година. Камен-темелникот на новата црква Рождество на Св. Богородица е осветен на 6 октомври 1996 година. Проектот за новата триконхална, еднокуполна црква го изготвиле арх. инж. Илија и Благојка Пулејко, а идејното решение за камбанаријата било на арх. инж. Никола Ничота. Живописот и иконописот се дело на актуелните зографи Кирил Златанов и Лазар Личиќ. Поради својата местоположба, црквата е доста посетена.
Рождество на Пресвета Богородица
| |
Поглед кон црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Скопска |
Архијерејско намесништво | Јужноскопско |
Местоположба | |
---|---|
Место | Горно Водно |
Општина | Карпош |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Богородица |
Изградба | 1989 |
Завршено | 2010 |
Архитектонски опис |
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Средно Водно на Ризницата ?
Наводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
Галерија
уреди-
Надвратен живопис
-
Фонтана во црковниот двор
-
Камбанаријата
-
Ктиторската плоча
-
Иконостасот
-
Фреска на Исус Христос